^^
Некој меша работи, ама не ќе да сум јас.
Каква врска има „
колегијалност во сообраќајот“ со куката?
Што ти е мислата за колегијалност?
Ако ми мафнеш како гест за да те пропуштам пред мене во колоната, и те пропуштам, тогаш јас „сум колегијален“. Ако застанам на пат за да ти помогнам, тогаш „сум колегијален“. Ако извадам боца за гаснење и ти ја изгасам колата, тогаш „сум колегијален“.
Се додека ТИ не ме удриш МЕНЕ одпозади (што ~99% од случаите ќе се деси по твоја кривица). Иако јас сум истиот тој „колегијален возач“ што ги направил сите погоре набројани, и други работи - сепак наеднаш „не сум колегијален“, себичен сум затоа што не сум се потрудил да ја намалам
твојата штета од
твоите грешки?
Јас не гледам потреба кука да стои на колата ако во тој момент не се влече нешто. Да почнеме со тоа дека изгледа неубаво, као чир наштрафен, а да продолжиме со тоа дека доколку се деси некаков удес, штетата ќе биде значително поголема во однос на тоа ако ја нема.
Тој „мене да ми е убаво, другите кој ги е*е“ однос е причината до која сме до вакво дереџе.
Не.
Ако во случајов куката ја разгледуваме како дефанзивно средство, тогаш таа не е ставена за „мене да ми е убаво“. Ставена е заради таквите кои возат невнимателно, таквите кои веројатно размислуваат „и да удрам малку некој, браниците се евтини - што има врска што ќе му го заебам денот на некој: важно мене да ми е убаво и да уживам во невнимателна и неодговорна вожња“.
На страна тоа што не е твоја работа како изгледа
мојата кола, и на страна што не ти е местото да прејудицираш кои се
моите потреби.
^
Ете
@Passat3B - за ова зборував.