Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 115407 пати)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #660 на: 26 Мај 2017, 19:17:17 pm »
Попрво би лежел затвор него да ранам корумпирани сообраќајци
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #661 на: 26 Мај 2017, 19:50:43 pm »
Кузнее како разбра дека таа стотка ќе стои за подмитување. Ќе стои за казна. Не е проблем да платам казна кога сум свесен дека прекршувам закон. Иако закон што ете јас не се сложувам со него и не го поддржувам. Стандард македонски синдром на форуми да се тупи и да се гњави со бош муабети, и нигде јас не те извреѓав тебе за да ме нарекуваш ти мене шапшал. Прашав за конкретна информација, дај ми информација ако ја имаш, ако ја немаш не е од полза да јадеш лајна џабе.. Ама во ред е, секој има право на свое мислење, ете твоето е дека сум шапшал. Прашав нешто, а вие се свртивте на сосем друга насока...
За членот погоре: BMW нема да купи тате, нити некогаш бил финансиски моќен да купи тате такво. Ама за тоа  фала му на господ еве мене ми оди добро во ова што го работам и можам да си го приуштам тоа што некогаш беше само сон и недостижно за мене. Али океј не ни очекувам да имаш друга слика за 17 годишно детиште што сака BMW... веројатно мислиш дека нема друг начин освен татко му да му купи... Те разбирам. Ама не сум тој.. Си ме погрешил :) Се извињавам шо ви одземав време дечки да си ги трошите буквите.. Стварно во глупав смер замина ова, не сакам да се замерувам со никој, посебно не вака да се расправам за банални ствари.

Одговорите ги најдов кај полициско лице. Значи за секој што ќе налета на темава талкајќи со истото прашање кое јас го поставив еве ви конкретни одговори:

ВОЗИЛО помоќно од 105кс додека си возач почетник МОЖЕШ да го регистрираш на твое име,но се ПЛАЌА поскапо (регистрација и осигурување).
Кога управуваш со возило помоќно од 105кс/77кв и си сопрен од полиција, доколку полицаецот Евидентира дека возилото е над дозволената моќност ви следуваат 40 казнени поени во книшката за казнени поени ( доколку ја имате). Ако ја немате ви се изречува глоба од 200 евра  + казна бидеејќи немате книшка, тоа е 100 евра. Имате можност да ја платите во наредните 8 дена со 50% попуст. Така да казната е 150 евра во рок од 8 дена, АКО немаш возачка книшка. Ако имаш возачка книшка можеш да одлучиш дали ќе ти пишат 40 казнени или ќе си платиш казна. :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #662 на: 26 Мај 2017, 20:23:13 pm »
Вадиш пари на 17 години?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #663 на: 26 Мај 2017, 20:25:05 pm »
Де де две години возел без возачка, ја од 12 години почнав да сеам страв низ маало ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #664 на: 26 Мај 2017, 20:27:09 pm »
И јас исто, само јас не сеев страв :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #665 на: 26 Мај 2017, 20:30:18 pm »
Регистрацијата ти е поскапа ради годините, не е ради возач почетник што си. До 25 години мислам дека ни е поскапо осигурувањерто :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #666 на: 26 Мај 2017, 20:33:22 pm »
И јас исто, само јас не сеев страв :)

Налетај некад на дете од 12 години само зад волан, нема да ти биде сеедно ...

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #667 на: 26 Мај 2017, 20:35:18 pm »
Вадиш пари на 17 години?
Се занимавам со интернет маркетинг. Немам потреба тука да се објаснувам како и што, гледам дека многу пак си подбиваат шега, не ми смета не ми е битно апсолутно ни малку нивното мислење. Да, заработувам, за разлика од 99% тенџерковците на моја возраст.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #668 на: 26 Мај 2017, 20:39:08 pm »
...

Ништо не разбираш, ама ај. Купи си 320д и фурај.  ;)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #669 на: 26 Мај 2017, 20:41:36 pm »
...

Ништо не разбираш, ама ај. Купи си 320д и фурај.  ;)
Ти не разбра од почетокот дека прашав нешто друго, а добив одговор сосем трет. Не прашав дали треба да возам појака кола од тоа што законот наведува или не треба. Прашав која е глобата, какви последици ќе сносам и што ќе се случи во различни ситуации под различни околности.
Никаде не прашав еј дечки што мислите дали јас планирам да се курчам со кола од 200кс или нешто друго.. ;)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #670 на: 26 Мај 2017, 20:58:34 pm »
....
А бре дете... Ти си од тие кои мислат дека со лејка риби се ловат, со АдСенс се прават милиони, со кликбејт се прават пари. На 18 години те удира пара у глава,  без разлика дали е од тато/или иде од некаде.... Ниту имаш стабилни приходи, ниту имаш стабилна работа. Наместо да ги инвестираш тие пари во твоето сопствено образование, професионално надградување, да научиш повеќе за што сакаш да бидеш, што сакаш да работиш, каква кариера да имаш, какви вештини да развиеш, ти ломотиш како да фатиш кривина за да направиш нешто што не е дозволено со закон, и како ќе си платиш сам ако те казнат. Не дете, нејќеш да те казнат. Оти кога ќе те фатат со посилна кола и ќе ти накалемат уште неколку други “прекршоци“ само за да ти скинат дозвола.

Утре ќе се качиш во кола, ќе дигнеш 220 (да, 320д иде 220/230 по тахо). Другиден ќе те читаме по весници во црна хроника. Не ми ги продавај тие филмови дека ти си различен. Не си бил само ти тинејџер....

Ако толку многу сакаш да имаш кола, купи си некоја мало количе што ќе ти брка работа, што нема да боде очи на полиција, и научи како се вози бавна и евтина кола. Научи да фаќаш апекс на кривина, научи како да ја држиш во оптимални вртежи, научи колку чини да смениш нови гуми, масло, редовно одржување, научи како е да биде некоја кола црна дупка за пари.

Затоа што си лејкаџија, како и секој друг 18годишник, што мисли со ку*от, а не со главата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #671 на: 26 Мај 2017, 21:18:52 pm »
....
А бре дете... Ти си од тие кои мислат дека со лејка риби се ловат, со АдСенс се прават милиони, со кликбејт се прават пари. На 18 години те удира пара у глава,  без разлика дали е од тато/или иде од некаде.... Ниту имаш стабилни приходи, ниту имаш стабилна работа. Наместо да ги инвестираш тие пари во твоето сопствено образование, професионално надградување, да научиш повеќе за што сакаш да бидеш, што сакаш да работиш, каква кариера да имаш, какви вештини да развиеш, ти ломотиш како да фатиш кривина за да направиш нешто што не е дозволено со закон, и како ќе си платиш сам ако те казнат. Не дете, нејќеш да те казнат. Оти кога ќе те фатат со посилна кола и ќе ти накалемат уште неколку други “прекршоци“ само за да ти скинат дозвола.

Утре ќе се качиш во кола, ќе дигнеш 220 (да, 320д иде 220/230 по тахо). Другиден ќе те читаме по весници во црна хроника. Не ми ги продавај тие филмови дека ти си различен. Не си бил само ти тинејџер....

Ако толку многу сакаш да имаш кола, купи си некоја мало количе што ќе ти брка работа, што нема да боде очи на полиција, и научи како се вози бавна и евтина кола. Научи да фаќаш апекс на кривина, научи како да ја држиш во оптимални вртежи, научи колку чини да смениш нови гуми, масло, редовно одржување, научи како е да биде некоја кола црна дупка за пари.

Затоа што си лејкаџија, како и секој друг 18годишник, што мисли со ку*от, а не со главата.
Делумно се согласувам со повеќето од ова што го напиша. Точно е, млад, зелен и летам со паметот. Кога ќе направам една ретроспектива на се што напишав сфаќам дека мавам со глава во ѕид. Дури и да се има пари да се плаќаат казни, вреди ли тој скап луксуз... Секако ќе ми биде прва кола лично моја, не се знае никогаш што може да се деси. Посебно со вакви возила. Можеби стварно се пичкин дим и брзо се навикнуваш да ги контролираш ама во секунда може да се десат многу пиздарии...Кој ми е изборот? 316i E46... Се имам возено во компакт вакво, бучи не оди се мачи се траќа.. Тоа е што е...Желбите се едно, а законите и можностите друго. Ќе видиме што ќе биде понатаму. Парите како се печалат, така се трошат. Се надевам ќе бидам попаметен и ќе донесам одлука што ќе биде паметна и за мојата сигурност и за луѓето околу мене, а воедно и легална :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #672 на: 26 Мај 2017, 21:22:36 pm »
Подобро за почеток најди некое возилце под 1 тон со 100тина кс, па за две години оди на појако. Две години брзо поминуваат, а некое пишпириче со 100 кс ќе ти пружи доволно задоволство и искуство за понатаму во животот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #673 на: 26 Мај 2017, 21:35:12 pm »
Слушај го чичко Симо, знае што збори.
На пример 106 Rally со 1.3 100кс ќе ти пружи нешто што денешниве коли се мачат да го постигнат. :)

Опремено со соодветно вешање и гуми, нема да ти се продава...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #674 на: 26 Мај 2017, 21:37:11 pm »
Да да, или Civic-че 1.4 90кс, или Swift GTI или ако најдеш Punto MK2b Sporting со 1.4 95hp...има куп коли кои и сега радо би ги „степал“ по ридскобрзинска водно стаза ;D