Законски не смееш, жалам момче.
Исто така, возачот-почетник, со член 240 од Законот, е лимитиран во однос на:
Моќноста на возилата кои ги вози;
Брзината со која управува со возилото;
Делот од денот во учествува во сообраќајот.
Во однос на моќноста на возилото, возач-почетник кој поседува возачка од „А“ категорија - дозвола за управување со моторцикл - моторциклот не смее да биде помоќен од 25 киловати. Ако има возачка дозвола од „Б“ категорија - дозвола за управување на автомобил - тој не смее да управува автомобил помоќен од 77 киловати. Доколку возачот-почетник постапува спротивно на овие правила, тој ќе биде казнет со глоба од 200 евра во денарска противвредност.
Од друга страна, тој не смее да вози побрзо од 60 km/h на јавен пат, 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила или 100 km/h на автопат, иако тоа е дозволено за поискусните возачи.
Веројатно, најинтересната одредба за сите возачи-почетници, е одредбата која го ограничува нивното управување со моторно возило во одредени итервали од денот. Имено, според член 240, став 2 од Законот, возач-почетник:
„Не смее да управува со возилото во патниот сообраќај во периодот од 23 часот до 05 часот наутро, освен ако со него во возилото се наоѓа лице (возач) постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.“