Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 119955 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #315 на: 30 Септември 2015, 20:04:23 pm »
Знам дека имаше статија на порталот но мислам дека не е се спомнато. Идеме со ред, цитирам.

Што, конкретно, содржи, новиот закон за прекршоци во сообраќајот?

Новиот закон за безбедност во сообраќајот кој пратениците го изгласаа на почетокот на оваа недела, предвидува казна од 40 евра доколку се возите без појас  и дополнителни 15 евра доколку не ги вклучите светлата. Доколку тргнете без светла навечер, за тоа ќе треба да платите 35 евра.


Препорачајте им и на вашите сопатници да стават појас. Без разлика што не се на возачкото седиште, новиот закон за нив, предвидува казна од 50 евра доколку полицаецот забележи дека не се врзани.

Ако го возите вашето дете кое има помалку од 5 години, мора да имате детско седиште во автомобилот, бидејќи казната изнесува 35 евра.

Ако ви заѕвони мобилниот, не се јавувајте доколку немате направа која ви овозможува да разговарате без да ги користите рацете. Во спротивно, ќе треба да платите казна од 45 евра или да ви впишат 25 негативни поени во возачката книшка.

И патниците во возилото влијаат на безбедноста во сообраќајот. Ако некој од нив, му пречи на возачот додека управува со автомобилот, полицијата може да го казни со 50 евра.

Не претерувајте со притискање на педалата за гас, бидејќи огрнаичувањето на брзината изнесува 50 километри на час. Ако возите со 10 километри над дозволеното спремете 10 евра или подгответе ја книшката за 10 негативни поени.

До 30 километри на час над ограничувањето ќе платите 45 евра а ако претерате со 50 километри над дозволеното, ќе платите 400 евра и во наредните 6 до 12 месеци, ќе се возите со автобус или такси, бидјеќи полицијата ќе ви ја одземе возачката дозвола. Казна може да платите и ако возите пребавно и со тоа го попречувате сообраќајот. Ќе ве чини 50 евра.

Брзината е ограничена и на патиштата надвор од градските средини и тоа од 90 до 130 километри на час во зависност од условит

Внимавајте и на раскрсниците. Ако ја прегазите белата линија кога ќе застанете пред семафор полицаецот може да ве казни со 35 евра а за непочитувањето на црвеното светло, ќе платите 300 евра.

Внимавајте и со звучниот сигнал. За свирење без потреба ќе платите 15 евра казна.  ;D

Во градски средини избегнувајте претекнување. Доколку сепак морате да го направите тоа, задолжително одберете ја левата страна, бидејќи за престигнување од десно ќе платите 150 евра. Не ни помислувајте да претекнувате автомобил пред пешачки премин или возило што пропушта пешаци. За тоа полицијата е ригорозна и ќе ви наплати 300 евра, а вие ќе бидете пешак во наредната година бидејќи ќе ви ја одземат дозволата.

И како пешак треба да внимавате во сообраќајот бидејќи и тука се предвидени казни. Ако поминете на црвено светло на пешачки премин, ќе ве чини 50 евра. Ако поминете каде што нема пешачки ќе платите 30 евра.

И велосипедистите имаат свои обврски. Ако возите каде што нема велосипедска патека, залепете се до десниот раб на коловозот. Во спротивно казната е 50 евра. Ако го возите велосипедот без да ги држите рацете на управувачот  казната исто така е 50 евра. Шлемот и рефлектирачкиот елек за велосипедистите не е задолжителен, но оние кои возат мотори мора да го имаат.


Извор

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #316 на: 30 Септември 2015, 20:13:33 pm »
Опааа најново за во град претекнување само од лева страна.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #317 на: 30 Септември 2015, 20:18:16 pm »
Глупи закони за глуп народ. Тоа оди заедно.
Во Прага на пример улиците не се исртани со ленти. Боја на улуците на пола од патиштата нема освен на пешачките премини. Никој не свири и не брза а има само една дестина од возилата во Скопје. Гужви нема никакви па дури и во периодот од 3 до 5 часот. Воздухот е идеално чист како да си во Маврово. Тука велосипедот (ги нема многу) и пешакот имаат ултимативно првенство на минување без оглед дали се на пешачки или не. Трамвајот има предност пред пешакот и велосипедистот.
Од 10 возила, 4 се шкоди, по една се Опел, Форд, Мазда, Тојота, Киа, Даеву. Дизели не се возат освен Октавии Такси, сите други се бензинци (Видов Астра Ј Караван Би-турбо дизел). Француски возила не се воџзат низ Прага, тоа ми е најчудно од се. :) секое 30-то возило е Мерцедес, БМВ, Ауди, Бентли, Порше, Јагуар и слично.

На некој начин се функционира совршено во сообраќајот а нема ниту знаци ниту ограничувања. Едноставно сите се однесуваат исто, никој не глуми паметен па затоа и нема потреба од полиција по улициве.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #318 на: 30 Септември 2015, 20:38:21 pm »
какви закони, какви бакрачи...денес кај Бисер возев точак по велосипедска лента   (поред пешачките), на мое Зелено..ми пресече пат, од спротивна страна, полиција што вртеше десно на дополнително зелено... ај нив ги пропуштив, ама по нив се залепиле уште 3 цивилни коли, си мислат ако ја пропуштив полицијата дека мора и они да поминат...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #319 на: 30 Септември 2015, 21:50:09 pm »
Зошто си ја пропуштил полицијата? Од шарената крава да не се они?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34154
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #320 на: 30 Септември 2015, 21:53:31 pm »
Они се со црниот пендрак

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #321 на: 01 Октомври 2015, 01:49:26 am »
Зошто си ја пропуштил полицијата? Од шарената крава да не се они?

Денес за малце ќе имаше сообраќајка на кружен тек во Ѓорче, тој големиот према Влае што е. Еден дебил иако навлезен во кружен тек - закочи у место за да пропушти полициско комбе... тој позади него едвај докочи. Ебем ти ретардираниот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55050
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #322 на: 01 Октомври 2015, 09:30:58 am »
Можеле да го казнат што ги пропуштил.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #323 на: 01 Октомври 2015, 20:16:40 pm »

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #326 на: 26 Октомври 2015, 19:56:10 pm »
во Хрватска од денес е задолшително, до пролет..
http://www.autostart.hr/vijesti/obavezno-upalite-dnevna-ili-kratka-svjetla-po-danu-1247

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20142
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #327 на: 08 Ноември 2015, 03:49:27 am »

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #328 на: 20 Ноември 2015, 16:39:26 pm »
По ново мислам дека до 105 кс смее да вози почетник.  ;D

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #329 на: 20 Ноември 2015, 18:00:28 pm »
Таква промена на законот направија само заради 1.9 тди од 105 коња... ;D ;D

Уствари, пак погрешиле... Требале законот да го направат до 106 коња.... Кој сфаќа сфаќа ;D