Премногу наџиџана централна конзола, воопшто не ми се допѓа што цел тој дел е гумиран поради 1500те копчиња. Премногу скапа, во тестот пишуваше у стилу грешка е да се заобиколи возилово, со таа цена и те како би го заобиколил. Не знам што пробуваат Опел, односно дали сакаат да делуваат поекслузивно, накај премиум, ама тоа само со билдање на цена не се праи.
Од друга страна, навистина привлечно ауто, убаво изгледа и делува фино склопено. Ентериерот има предиспозиции да биде еден од најубави во класата, ама еден тон гума на централна конзола им е огромна грешка, а да и воланот може да биде малку помал.
Трета работа, нели имаше член на форумов кој што се жалеше дека моторот не идел како што треба да иде за таа коњажа и дека трошел премногу? Претпоставувам дека тежината игра огромна улога, па толку ли е тешко у денешно време да не можеш да најдеш начин да биде полесна колата?