Автор Тема: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift  (Прочитано 3771 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« на: 16 Август 2015, 13:21:19 pm »
Викендов возиме фејслифтиран Mitsubishi Outlander!

- Прво и основно, значително е пролепшан. Да не знае човек дека е фејслифт, ќе си рече дека е целосно нов модел.
- Значително подобрување на материјали во ентериер.
- МНОГУ поубав и покомотен волан.
- Ергономијата сè уште е со некои фалинки. Рецимо, централниот наслон е пренизок. Ако го спуштам седиштето доволно за да се потпрам на наслонот, левата рака ми е премногу висока. Ако го дигнам седиштето, десната рака ми лебди.
- Возачкото седиште е одлично, на другите долниот дел е недоволно навален наназад.
- Фино за возење, љуља, али тоа и се очекува од вакво возило.
- Моторот е одличен. Силно влече, просек 7.8 во град без клима. Со клима околу литар повеќе.
- Седум седишта, со реално корисен заден ред.
- ЛЕД светла, одлично светат.
- Одличен мењач. Прецизен и со скратен од на рачката.

Ова се првите забелешки. Ќе дополнувам понатаму.

ТЕСТ: http://www.carclub.mk/2015/09/04/test-mitsubishi-outlander-2-2-di-d-instyle-navi-povekje-od-samo-facelift/
« Последно менување: 04 Септември 2015, 13:13:36 pm zeroSignal »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #1 на: 16 Август 2015, 13:29:55 pm »
- Прво и основно, значително е пролепшан.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #2 на: 16 Август 2015, 13:32:48 pm »
Во однос на пред-фејслифтот? Значително.

Далеку од убав (меѓу теренци, тој епитет ми е генерално резервиран за Range Rover), али поубав од порано.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #3 на: 16 Август 2015, 14:38:12 pm »
Голем чекор напред во дизајнот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #4 на: 16 Август 2015, 14:40:42 pm »
Ергономијата е на незавидно ниско ниво. Го убива целото искуство.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #5 на: 17 Август 2015, 09:31:51 am »
Дополнителни забелешки:

- Со мала манипулација, на третиот ред седишта се седи како во S-Class.
- Нема издуви од климата за вториот и третиот ред седишта. Нелогично.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #6 на: 17 Август 2015, 12:24:43 pm »
Ергономијата е на незавидно ниско ниво. Го убива целото искуство.

Agree! Баш сношти нели коментиравме.
Сепак ретко кој SUV (или урбан SUV...или...whatever) има добра ергономија.

Во основа ми се допадна. Убави материјали. Убаво изгледа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #7 на: 17 Август 2015, 13:39:52 pm »
Ја од надвор го видов, и денски и ноќе. Ноќе далеку повеќе ми се допадна бидејќи многу помалку се гледаше.
Можеби е добар за возење, али СУВ никад не ме интересирале па ќе си останам на субјективниот впечаток за изгледот.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #8 на: 17 Август 2015, 15:46:11 pm »
Убаво ми изгледа, не дека е некој си лепотан, али интересно е. Како и да е, тотално не битен сегмент на возила ми се овие, не би се ни подразмислил да ги купам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #10 на: 04 Септември 2015, 13:34:16 pm »
Во секој случај успешен редизајн.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #11 на: 04 Септември 2015, 13:55:40 pm »
Под задните седоишта треба тишлер да одработи тенко дрвено подножје за да налегнат задните седишта за да не се лизгаат патниците и да им е удобно.
Или барем сукало да се стави под задната клупа ќе заврши голема работа.

За совозачот нема спас.

Возачкото седиште се навалува електрично. Тоа е релативно океј. Меѓутоа пак ти висат лактите на најниско спуштено седиште. Што ја нарушува крузерската способност дополнително, згора на седиштата кои те истураат.

Значи неможеш да се олабавиш убаво за да ја искусиш колата понатаму.

Една штрафилица и ќе земам да прештрафам пола ентериер за да можам да ја користам колава како што треба.
И би земал една за мене прештрафена и уште една ќе прештрафам и ќе им ја пуштам во фабрика. Со назнака, е вака треба да биде наместена колава, не е тешко.
Крај краева земете еден Пасат, Акорд, ич да не одиме кон Е класа, или дај боже БМВ М пакет, и фино лепо Ископирај го ентериерот. Не изгледот, туку ергономијата. Не е тешко штом неколку фирми го прават со години. А и не е деловна тајна па да неможе да ја ископираш. Паркираш една БМВ 3ка м пакет во фабрика и им викаш на недокваканите, колава да е 99% ваква за седење ако сакате да може да ја продадеме на пазаров светски. Не е тешко, не е скапо, ништо не е комплицирано. Само да се згрее столица и да се сработи добрата ергономија. Просто е дури за било кој инжињер кој има појма од коли.

Другото е све океј во СУВов, ама тешко е да го искусиш другото ако неможеш да седнеш да се наместиш како што треба.

Браво за дизајнот, задницата е класи и класи подобра од старата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander Facelift
« Одговори #12 на: 04 Септември 2015, 15:26:34 pm »
.