Можеби и лошо се изразив. Пред се мислев на тоа што нашиве јаки дилери се многу ажурни, па така многу често на интернет сум среќавал ценовник со важност од март месец, а во моментот кога сум го гледал било октомври. Не може пола година цената да не мрда, особено не кај вакви модели, кај кои што треба паметно да играш(акции, попусти) за да го привлечеш просечниот купувач, а ми нема воопшто поента една кола да држи цена, освен ако не е нов модел или премиум класа.