Менував и јас денес термостат, бидејќи како повеќето случаи термостатот беше заглавен отворен. Така е и во повеќето случаи, термостатот се заглавува отворен, ретко затворен.
Инаку термостатот што го ставив е Wahler од Крис и Том, но една работа ми е сомнителна, а тоа е што на самиот термостат нема никаков натпис, некаква ознака. Требаше кога го купував (пред повеќе од месец дена) да го проверам тоа и да не го земам, но бидна веќе... Ќе видиме како ќе се покаже. Поентата ми е дали е оригинал.
Сте приметиле термостатите од Wahler што сте ги купувале дали имаат ознака некаква на нив (на самото тело на термостатот)?