Па добро ова не е класична трка, ова е "трка", еден вид тест, паралелна споредба на косилица и современ турбо дизелаш. Плус кај нас на секои 300 метра има семафор, така што и нема да се развие голема брзина. Али добро, чим цвикаш при ваква пружена прилика, не урлај толку гласно за тоа колку се посупериорни дизелите у реалност.
Абе имењак, некој грешно се сваќа муабетот.
Во трка на 200-300 метри или од семафор до семафор, ти може ќе си побрз и од БМВ 530 дизел, ама тоа не тема на муабет.
Колку од времето ти од семафор до семафор возиш со пуна гас? Колку од времето кога возиш на автопат си во опсег од 5000 до 6500 рпм. Да твојата, мојата и други бензинци идат толку и повремено се возат на тие вртежи, ама тоа не е релаксирано возење, ако така ја извозиш стража од доле до горе или немора Стража, било кој подолг превој, има да го стопиш воланот од стискање и напнатост. Тука станува муабет дека СДИ ќе го направи истото што ти на високи вртежи, само со СДИ ќе бидеш порелаксиран и на пониски вртежи, нема да си напнат. Тука ја исклучуваме потрошувачката.
И стојам на тоа, дека на дадена релација, пример, Скопје - Охрид, на правците бензинецот можда ќе е побрз на меѓузабрзување, ама тука нема потреба од меѓузабрзување, автопат е и држиш константно темпо од 100-120 км/ч, на превои СДИ е далеку порелаксиран и подобар за возење.
Во трка на 200-300-400 метри низ град СДИ-то има да изгуби и од Пони точак.