Иначе колку нема врска сиот овој муабет, дури трагикомично е.
Колите биле главен загадувач ...мај есс..
Значи овде во Австралија, ОГРОМЕН процент на возила се пред 2000-та година...ЗНАЧИ ОГРОМЕН! Не можам да кажам во бројки ама сигурно е 40-50% минимум. Имаат чист воздух и лето и зима.
Ако се сеќавам добро (и живеев долго време Скопје) воздухот од секогаш бил проблем во Скопје, но откако се исклучија масовно луѓето од Топлификација и се префрлија на дрва (читај све живо и диво), настана оваа ситуација.
Возилата во Скопје се и лето и зима. Не може во лето да биде воздухот подобар отколку во зима кога го имате истото количество на сообраќај во градот. Нешто друго допринесува за толку голем драстичен пад на квалитетот на воздухот, а тоа се домаќинствата.
Во Австралија сето тоа си е решено со Г-А-С-И-Ф-И-К-А-Ц-И-Ј-А!
Дома само сијалиците, телевизирот, климата и компјутерот ви е врзан на струја. Се друго, бојлер, рерна, дури некои и топлата вода за машината за перење користат гас.
Второ, произведената електрична енергија со помош на соларни панели им се исплаќа, се осеќа на домашниот буџет, со што ги стимулираат луѓето уште помалку да бидат зависни од струјата и таа да се користи онаму кај што е најпотребна.
Кај нас е доволно да се поправи моментот со гасификацијата, да паднат цените на парното греење (државата да укине дел од акцизите за мазутот/гасот) и да го реши и социјалниот и еколошкиот проблем.