Автор Тема: ADAC го фалсификувал изборот за „Автомобил на годината“?!  (Прочитано 22683 пати)

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Голем скандал изби во Германија, откако се дозна дека германскиот автомобилски клуб ADAC ги фалсификувал резултатите од гласањето во изборот „Автомобил на годината“, пишува Deutsche Welle.
За победник во изборот беше прогласен Volkswagen Golf, кој според организаторите на настанот добил 34.299 гласови од читателите на весникот на ADAC. Сепак за овој модел гласале едвај 3.409 луѓе, а останатите биле „додадени“ од уредниците на списанието.

Во ADAC го признаваат фалсификатот, тврди Daily Mail, прецизирајќи дека одлуката за фалсификат е донесена токму од уредниците на весникот. Тие самостојно процениле дека „голем автомобил како Volkswagen Golf добил премалку гласови“ и затоа одлучиле да го зголемат резултатот.

Deutsche Welle од своја страна додава дека по откривањето на малверзациите, шефот на одделот за односи со јавноста на клубот и главен уредник на списанието ADAC Motorwelt Михаел Рамшетер поднел оставка од сите функции.

Сосема можно е да започне истрага и за резултатите на претходните избори за „Автомобил на годината“ организирани од ADAC. Главниот уредник во оставка – Михаел Рамшетер, веќе признал дека резултатите се наместени како во 2013, така и во 2012 година. Еден од откриените фалсификати во 2012 година е наградата „Gelber Engel “, доделена на Audi. Излегува дека наместо официјалните 330.000 гласа, кросоверот на Audi добил едвај 76.000.

Според информациите наскоро ќе бидат докажани и малверзации на конкурси за автомобили, организирани од други големи домашни изданија. Се тврди дека тие земале мито од германските производители на автомобили, за повисоко да рангираат одредени модели.

I sea, sto kje kazat ljubitelite na Goljf?? :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Глупости ! Гољф дизељ е најдобар.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Бугар,
И ти да не си еден од уредниците на АДАС :):):):):):)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Под знак прашалник е што навистина е вистинито во сите избори.... инаку не само за избор на автомобил, прашање е и колку може да се верува и за другите тестирања што се прават во АДАЦ (пример тие за гуми, кои сите ние се „крстиме“ во нив“ ....

Прашање е каква ќе била вистинската побарувачка за одреден автомобил ако не беа овие избори. Се почесто се „наметнува“ изборот на производот преку вакви работи ... Едно е реклама, но ова е сосема друго ниво на работи.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Мислиш дека љубителите и сопствениците на Голф ќе ги заболи лев тестис за ова?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Мислиш дека љубителите и сопствениците на Голф ќе ги заболи лев тестис за ова?

Лев не ама од трите подолготе кје им падне сигурно од мака сеа, пљус ова е новиот Гољф, нели тој е state of art или па не ?!?! :):):):):)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
За нив, ќе си остане state of the art, без разлика дали некој лажирал нешто или не.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Мислиш дека љубителите и сопствениците на Голф ќе ги заболи лев тестис за ова?

мене... види сеа како да искуцам ...  ;D

Најмалку важно е тоа, поентата не ми беше воопшто за Голфот, ако добро гледаш не го ни спомнав никаде во текст ... поентата ми беше, дека ова се случува во Германија, земјата каде што по мнение на сите е таа која е најпринципелна за вакви работи т.е. фер избор.

Муабетот е да не се ослонуваме премногу на тоа што ќе ни послужат како информации некои. Да не бидеме овци, туку фала богу имаме избор и рационално расудување (за жал се помалку го користат повеќето) .... конкретно за избор на кола, пошо нешо форум за тоа сме (јез да последно време читам расправии небаре ко жени да сме  ;D ) сака некој нова кола, трк по салони изнавози се гага се живо и диво, види што ти фаќа кеиф и терај, ако згрешиш барем сам си го направил тоа.


Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Мислиш дека љубителите и сопствениците на Голф ќе ги заболи лев тестис за ова?

мене... види сеа како да искуцам ...  ;D

Најмалку важно е тоа, поентата не ми беше воопшто за Голфот, ако добро гледаш не го ни спомнав никаде во текст ... поентата ми беше, дека ова се случува во Германија, земјата каде што по мнение на сите е таа која е најпринципелна за вакви работи т.е. фер избор.

Муабетот е да не се ослонуваме премногу на тоа што ќе ни послужат како информации некои. Да не бидеме овци, туку фала богу имаме избор и рационално расудување (за жал се помалку го користат повеќето) .... конкретно за избор на кола, пошо нешо форум за тоа сме (јез да последно време читам расправии небаре ко жени да сме  ;D ) сака некој нова кола, трк по салони изнавози се гага се живо и диво, види што ти фаќа кеиф и терај, ако згрешиш барем сам си го направил тоа.



АПСОЛУТНО тоа ми беше целта на постот, да не веруваме на квази тестови туку сами да процениме што е ОК а што нечини. Во право си дека се водиме од АДАС и за тестови на гуми, детски седишта и што уште не.
Ако јас се прашувам, сите ревјуа :) по нетов од различни институции ( Top Gear, Car Buyer itn itn.....) се платени и фаворизираат некого.
Ете тука си имаме објективен портал со објективни тестови, да продолжат така и барем еднаш неделно да имаме по една нова кола на тест :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Линкови троа ќе дадеш?

Aко процениме што нечини, тоа е само изгледот на Голфот 7 во основна изведба. Другото...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Во Германија се разгорува невиден скандал. Најголемиот европски автомобилски клуб, германскиот ADAC, призна за фалсификување на гласовите во својот популарен конкурс - Автомобил на годината.



VW Golf, кој е прогласен за автомобил за 2013, со резултат од 34.299 гласа, всушност добил едвај 3.409, а останатите му биле додадени од уредниците на списанието на ADAC. Причина за фалсификати биле, бидејќи според мислењето на уредниците бројот на гласачите за  „Големиот Golf“  навистина бил многу мал и тие решиле да го зголемат десетици пати. Според информациите на Дојче Веле, по откривањето на махинациите, при доделувањето на наградите на ADAC, Gelber Engel (Жолтиот ангел), шефот на одделот за врски на клубот и главен уредник на списанието ADAC Motorwelt, Михаел Рамштетер, поднел оставка од сите функции.



Скандалот со прекумерните гласови во корист на германски модели отвора цела редица прашања не само кон ADAC, но и кон другите водечки германски автомобилски изданија, како AutoBild, а се споменува добивање на мито од локалните автопроизводители за „повеќе“ гласови и поени при тестовите на германските модели и дали не е целосна фалсификување целата приказна со натпреварот во долгогодишната историја. Раштетер признал за манипулациите и во 2012  година, кога  Жолт ангел му бил доделен на кросоверот Audi Q3, кој добил „официјално“ 330.000 гласа, додека во реалноста за него гласале само 76.000 луѓе.

http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/ogromen-skandal-vo-germanija---adac-gi-falsifikuval-rezultatite



Oва не е новост, колку што е новост дека американците го шпионирале цел свет.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Темава треба да иде у канта.


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Значи кои тупаџии сте, баш за ова КУЦАВ ПРЕТХОДНО ДОСТА СО ТИЕ ЛИНКОВИИИИ

и не Голф тема на муабет, стапот има ДВА краја ;)

п.с. еве ти

https://www.google.com/#q=ADAC+cheated

;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Темава треба да иде у канта.
Сместа! :) Кај смее за Голф да се каже нешто лошо! Недајбоже па уште да испадне дека од конкуренцијата го направиле ова за да му наштетат на Голф, ток тогаш ќај ќе е крајот.