опсигување е крајното порамнување со водено шмирглање, со многу ситна шмиргла...без тоа, нема да се постигне идеално мазна подлога за фарбање... практично со опсигување, се симиња нај тенок слој, доволен да ги измазни гребаниците од претходната шмиргла...
всушност тоа е целиот штос, почнува со крупна шмиргла, за да ги симне материјалите што не припаѓаат тука, во овој случај беше стариот лак на хаубата. поѕоа гребаници разни се пополнуваат со кит, па и тие се обработуваат вадејки вишок од китот. после тоа следи шприцањето со филер, кој има улога да нанесе слој кој ке ги покрие нерамнините и ситните таласи. па филерот се симиња со шмиргла, ама веќе поситна од претходно... и одтука натака се шмиргла со се поситна и поситна шмиргла, а целта е корекција на гребаниците од претходната покрупна шмиргла... и на крај доаѓа опсигување (некој ќе го чуеш ќе каже абсигување) кое уствари како и претходно, корегира гребаници од претходната шмиргла, само ова е со вода. плидкаш вода и трљаш... нај мачниот дел е уствари овој... пред и после овој процес, се е лесно, т.е. полесно.
а бидејки веќе почнав, ќе довршам... на крај убаво се измива со млаз вода целата површина, па ја оставаш да се исуши, па со обезмастувач специјален за оваа намена, се пребришува исклучиво со памучна крпа, и после иде фарбањето... јас секогаш ја следам оваа процедура... боро овој пат ме утепа од пцуење, зашто му донесов многу цврст, а сепак еластичен филер, наменет за пластична и еластилна хауба.... дополнително доста потежок за обработка...