Автор Тема: Alfa Romeo GTV JTD  (Прочитано 168918 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #585 на: 19 Март 2017, 11:57:09 am »

1.8 или 2.0 16V

Или 1.4 или 1.6 16V :)
Не можеш од овој агол да ги разликуваш со пластики одозгора по ништо.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #586 на: 20 Март 2017, 01:00:24 am »
хаубата... прво нејзе, а "ќерамидите" за некоја недела... можда и порано, незнам...


шмирглање лакот и бојата, корекции на ситни гребаници и фабрички таласи...

па следи изолирање, на буквално се што не треба... најлон молерски, од преден до заден браник цел, плус од напред и еден бел голем чаршав, за да го држи најлонот на место...






па следно е шприцање филер, за да ги наполни ситните гребаници од шмирглата....




следно е... откако ќе се исуши филерот, иако е доволно тврд за обработка и после 1 саат, сепак голрма грешка е тоа. треба да се остави убаво да исуши, па после обработка на него... така да, утре, после 18 саати сушење (толку ке биде отприлика) ќе се обработи до крај, па тек после фарбање...

п.с. симо, за овакво покривање зборевте нели? одамна го практикуваме ние... по лесно амин... на времето она со весниците... лепи, лепи ЛЕПИ... 5 траки креп... исти пари како сега една трака и два најлона од по 20 квадрати.. 5х4метри... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #587 на: 20 Март 2017, 01:05:42 am »

п.с. симо, за овакво покривање зборевте нели? одамна го практикуваме ние... по лесно амин... на времето она со весниците... лепи, лепи ЛЕПИ... 5 траки креп... исти пари како сега една трака и два најлона од по 20 квадрати.. 5х4метри... ;)

Баш тоа @onak, она што ги мрзи по фарбарите да го напраат, па пола кола ти е со оверспреј, а фарбале гребаница на браник, „на флека“...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #588 на: 20 Март 2017, 01:17:18 am »
Не им се фрла пари на најлони. Ќе заштедат 300 денари.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #589 на: 20 Март 2017, 07:24:42 am »
Баш ми улета од некој од автолакерскиве фејсбуци. Еве типично “заштитување“ кај нас:




Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #590 на: 20 Март 2017, 08:56:28 am »
ваљда и поише пути го користат истиот :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #591 на: 20 Март 2017, 10:44:05 am »
Не им се фрла пари на најлони. Ќе заштедат 300 денари.

кој бе триста денари... најлонов е од 35 до 50 денари еден... алфава се покрива со еден, со се гумите... 20 квадрати е еден најлон... на поголема кола два се тураат... 100 денари е... мислам, глупо е да се дискутира за тоа дека е трошок. а и не е трошок, ако ги споредиш со лепењето со весници...мидлам, јас со тоа компарирам, затоа што ОДСЕКОГАШ кога требало да се фарба било кој дел од кола, сум ја изолирал целосно баш заради оверспреј лепењето на таа ситна прашина од се и сешто...

п.с. стварно немора секој ебан странски збор да го уфрлувате во речников како нормален... ок, нема еден збор на македонски, има три збора за да го објаснат оверспреј... ценете си го мајчиниот јазик..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #592 на: 20 Март 2017, 16:12:04 pm »
За кратко време ГТВ-то ќе си дојде во нормала, обоено како што треба.
Останатите нека учат од Онак.
 :o :o :o

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #593 на: 20 Март 2017, 23:04:58 pm »
Останатите нека учат од Онак.


Останатите нека учат како се продава Алфа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #594 на: 20 Март 2017, 23:21:10 pm »
Од толку ствари што може да се научат од онак, во оваа епизода ќе ги издвоиме:
- да купиш кола чиј бренд го ругаш и реметиш
- да ја купиш горенаведената кола со мотор кој го ругаш и реметиш
- упорно да ја средуваш погоре споменатата кола

Because fuck logic.

Има подобри и попаметни ствари кои може да се научат од @onak :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #595 на: 20 Март 2017, 23:53:00 pm »
фак лоџик имаш секој ден околу себе... не сум исклучок ни јас.... нели гледаш дека сум мазохист.... уживам кга се малтретирам со поправање на возила... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #596 на: 21 Март 2017, 08:14:30 am »
Onak si go pravis interesen zivotot te boli cevkata za logikata. Samo staj gi tie zatvoracite na hauba da ne se desi pak.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #597 на: 21 Март 2017, 23:06:02 pm »
хаубата на лице место прво истругана, па опсигувана и повторно демонтирана и во гаража обесена еве вака:



и наспроти преценетото високо мислење за фарбањето во комора, ние фарбаме во гаража. наместени вентилатори и рефлектор одзади, компресорот наполнет, филтрите активирани, бојата измешана (половина одпилика) и може да се почне...

прво горната ивица:


потоа оквирите за фаровите:






а потоа и целата... и сето ова по трипати, затоа што ваква црвена тешко покрива...




и дојде ред да ја наместам, денеска:





и некако хаубава л'шти, како од комора да е а?



ако убво се сеќавам, вчера/завчера реков дека премногу се паметува, и секогаш на база на КРАЈНИОТ ПРОДУКТ да даваш мислење, а не да се критикува процесот, дали било на паркинг, сервис или гаражиче...

за кровот, накнадно ќе се работи, ќе известам и тогаш за процесот за кој сум се одлучил на санирање на истиот..  ;)

п.с. сликано со кинески телефон, кој преживеа едно базенско давење, и 20/30 пати паѓано на бетон...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #598 на: 22 Март 2017, 00:03:42 am »
Свака час!

Бтв, шо значи "опсигувана"?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Alfa Romeo GTV JTD
« Одговори #599 на: 22 Март 2017, 00:42:55 am »
опсигување е крајното порамнување со водено шмирглање, со многу ситна шмиргла...без тоа, нема да се постигне идеално мазна подлога за фарбање... практично со опсигување, се симиња нај тенок слој, доволен да ги измазни гребаниците од претходната шмиргла...

всушност тоа е целиот штос, почнува со крупна шмиргла, за да ги симне материјалите што не припаѓаат тука, во овој случај беше стариот лак на хаубата. поѕоа гребаници разни се пополнуваат со кит, па и тие се обработуваат вадејки вишок од китот. после тоа следи шприцањето со филер, кој има улога да нанесе слој кој ке ги покрие нерамнините и ситните таласи. па филерот се симиња со шмиргла, ама веќе поситна од претходно... и одтука натака се шмиргла со се поситна и поситна шмиргла, а целта е корекција на гребаниците од претходната покрупна шмиргла... и на крај доаѓа опсигување (некој ќе го чуеш ќе каже абсигување) кое уствари како и претходно, корегира гребаници од претходната шмиргла, само ова е со вода. плидкаш вода и трљаш... нај мачниот дел е уствари овој... пред и после овој процес, се е лесно, т.е. полесно.

а бидејки веќе почнав, ќе довршам... на крај убаво се измива со млаз вода целата површина, па ја оставаш да се исуши, па со обезмастувач специјален за оваа намена, се пребришува исклучиво со памучна крпа, и после иде фарбањето... јас секогаш ја следам оваа процедура... боро овој пат ме утепа од пцуење, зашто му донесов многу цврст, а сепак еластичен филер, наменет за пластична и еластилна хауба.... дополнително доста потежок за обработка...
« Последно менување: 22 Март 2017, 00:56:51 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време