ај, пошто почнаа да шушкаат више, ќе признаам... јас ја купив, ама за невестата моја.. од неодамна нели, остана без кола, пошто ме напна за кола, и треба, почна и волвото да ми го вози (одма се појавија невообичаени дефекти, јбг) приморан бев да и купам кола. неколку дена онака фрлав по некое око ИСКЛУЧИВО ДИЗЕЛ, бидејки невестава (како за инат на мене) само дизел сака, наводно немала проблем со тргање
иако вози ко мањак понекад... и така, пред 5-6 дена отварам форумов навечер во темата за продажба и го здогледувам огласот што алфистов ја пишал... и скоро па на мајтап на жена ми и ги покажувам сликите, мислејки дека нема да сака баш спортска кола да вози... џабе беше се после муабет, да идеме па да идеме да ја видиме.. и ок, отидовме ја видовме, (додуша цел проект го имав исчитано и изгледано и претходно), ја виде и се засвиѓа, а во моментот кога дојдовме исто така имаше еден пар пред нас кои ја гледаа за жената, па си се повлеков на страна и почекав да завршат, реков ако ја земат они, здравје, ако не ја земат они, јас ке ја прегледам под хауба што и како е правено со свои очи и ете, бидна пазар, колата е кај мене, денес и ја префрливме на име на невестата и тоа е тоа...
од аспект на она што ке го доработам јас во блиска иднина за да биде комплетна е:
-веќе е платен ксенон во дог секјурити (ебате скупите сијалици НВ3 што ги носи)
-исто така со централното да се среди да работи на даљинско (веројатно нов модул ке јаде)
-перење на моторот, пошто е поприлично ушљакан,
-километражникот не работи, бидејки сензорите од гтв, не се поклопуваат со сигналите на 156 јтд (од него е компјутер и инсталација) па поради тоа нарачав еден гпс уред-брзиномер преку ибеј, кој СЕ ПРОЖЕКТИРА НА ШОФЕРШАЈБНА со електронски дисплеј... нарачан и платен, се чека да стигне.
ок... тоа се ситници
од механичка природа...
1. тоа што приметив е дека од напред е како јојо.. задните гуми лепат убаво на асвалт, ама од напред скока многу. проблемот го увидов дека е во суспензијата која е предвидена за бензинскиот 2.0 мотор кој е скоро па двојно полесен од дизеловиот 1.9 JTD. ке мора амортизерите комплет или барем само спиралите да се стават од некоја алфа која носи потежок мотор, или од 155-ка дизелот или од V6 155-ка, би требало да се исти... ми се деси да налетам на испакнатина на патот (и тоа не многу брзо, да не речам не возев ни 100) и колава баш одлепи од асвалт и тоа 2-3 пати онака се потапка како баскет од асвалт додека да се смири.. тоа е според мене сериозен проблем, кој може да те доведе до губење на тракција на предни гуми во кривина да речеме..
2. втора работа од механичка природа е задни лагери... мелат и тоа добро мелат.. поготово десниот заден, ама начелно и двата. тоа ке го решавам така што ке ги обработам главчините и ке вметнам лагер нов во него, веројатно од SKF ке биде или слично, т.е. истиот лагер по димензии. не сум будала да давам 50-60 евра за половен лагер, кој не му се знае колку прошол.
друго од механичка природа во моментов нема што да се прави, освен што прзорот возачки не затвара до крај, т.е. скока на последните запци, на 2-3 сантими при крај, и има некои ситници, као на пример да му се упасира филтер за воздух како што треба, во кутија, т.е. веќе и имам идеја од што, и казанчето за прскалици на шофершајбна со моторчето не му е монтирано, бидејки нема драч и локација за него... прво филтерот па после казанчето ако остане место.
од козметичка природа... како што реков ксенонот да се монтира деновиве во дог секјурити, навлака соодветна за воланот и толку. алфиста средил се по тоа прашање...
и да не се разбереме грешно, сите овие работи за средување што се, не ми се ново пронајдени откако сум ја купил, туку алфиста ги кажа, пред да правиме пазар воопшто и пред да ја гледам колата. значи ништо затаено, ништо сокриено и ништо преќутено. фер продавач, морам да признаам. слики, една по една како средувам, т.е. како што ке оправам, затоа што сум мноооогу тенок со време, обврски еден куп, работам со парно и климатизација како што повеќето знаете и овој период е општо лудило, така да нема да биде многу брзо, ама како се решава, така ќе постирам...
п.с. кој ке ми удри ремет дека сум купил ДИЗЕЛ возило па уште и АЛФА, компирот да му се исуши оваа година.
за жена ми е, не е за мене.. не дека нема да ја повозам и јас понекад, пошто, добро иде колава уствари...