Во официјален сервис мене салам ме заебаа пред скоро 10 години.
Значи ја купив Нубирата и на редовен сервис во Скопје во Автомакедонија (Автокоманда).
И се супер ја примаат колата. Бевме со татко ми. И ни викаат седнете во бифето, можете кафе да си порачате. Бесплатно
ќе ве услужат не е проблем. Сервисната книшка им ја дадовме. Пред нас ја ставаа на компјутер да ја проверат и да ја стават на рампа.
Требаше да сменат
- Масло
- Свеќици
- Комплет филтри
И ни викаат 1 саат.
И татко ми им вика, дај бе не е толку работа еден саат. За 15 минути се менуваат овие работи, еве 30 мин преку сила.
Абе имало кола на рампа не знам што ова она. ОК.
Само што ни го кажуваат тоа (имаше две рампи) ја спуштаат колата што беше на рампа и викаат еве се ослободи рампата. Као демек ќе свршиме работа за побрзо.
Седнуваме со татко ми во тоа бифето што ѓаол ли да беше и чекаме...чекаме...чекаме...30 мин...45...1 саат...Испивме и кафе и се. И викаме на типката што работеше во приемно дека ќе се вратиме и оставивме мобилен доколку побрзо завршат. Збркавме некои работи во Автокоманда (јадење, шетање) и се враќаме точно 2 саати, а типката не се јави.
Само што дојдовме, овој што е главниов мајстор шефот што и да беше...е таман сеа баш ја завршуваме. И вистина ја спуштаа од рампа, дијагностика правеа дали се е ОК пред влезот од гаража и шефот доаѓа со нас кај оваа типката да си платиме за сервисот.
Успат со татко ми го прашуваме аман што сторија 2 саати за обичен сервис. Абе вика имаше еден со комбе дојден, па му се расипало нешто, а носи стока по цело Скопје со него се заматкавме, еден саат колата седела на рампа.
Кога ја видовме сметката ...ни тарифираа 2 саати работна рака (900 денари саат) = 1800 денари.
Зошто?
Епа колата фаќала место 2 саати на рампа и затоа. А тие дека си работеле друго не е битно.
Се расправавме зошто не прават будали, тој нешто се оправдуваше...не знам вака не знам онака...таака е правилото...
И татко ми плати и ...од тогаш ја носевме во Диро.