ништо не е ова... се сеќавам у 80/90 -ти години, имав рено 4гтл, ми го удрија задниот браник малку, полицаецот ме натера да останам, 3 возила удрени, јас бев прв и закочив, зад мене кадет, тој запра ама од позади го удри 101 без кочница и го бутна малку и во мене, па јас бев потребен како сведок.. е сега идам у Зоил, ме праќа кај проценител у сервисот на Рено кај Расадник, сега мислим го нема таму, тој пропадна. Идам неколку пати, го нема проценителот, вика остај ја колата. Може и ке ја остаев, ама немам превоз од таму до дома, нема автобус. Последниот пат гледам, дојде чоек со Рено 5, за промена на преден браник. Шефот му побара да остави клуч, требало хаубата да ја отвараат. Не помина ни 5 минути како отиде чоекот, шефот со еден мајстор земаа да му вадат некој регулатор а да му го уградат неисправен од Рено 5-ката на шефот, демек, овој нема веднаш да примети, туку после 20-30км... мислам дека се работеше за вакум регулатор на предпалење. А има слушано и сега, луѓе се жалат остаиле кола во големите сервиси, му го смениле сервото, му стаиле неисправно... искрено, ова се однесува за периодот пред увозот на стари коли, сега има доста отпади ... но и сега се случува да нема нешто од разлог што кај нас има 101 врста коли а мал пазар сме, па на луге со ретки возила им обивале хауби и им демонтирале делови...