Летоска на другар вракајки се од одмор, на бензинска кај белград му ставиле по грешка бензин место нафта на рено кангу 1.5 дци старо 4 години.
Не била некоја голема количина и незнам точно колку му ставиле, но откако го виделе тоа, само дотуриле нафта колку што собирал резервоарот и некој локален механичар од кај бензинската им рекол сега со оваа мешавина возете до скопје, само не го форсирајте моторот се додека не ја потроши мешавината од нафта и бензин.
Еве од летоска до сега помина, нити беа во сервис, нити нешто му се случило на возилото, си тераат ко ништо да не било.