Автор Тема: BMW и неговите модели  (Прочитано 232732 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #270 на: 25 Мај 2017, 08:27:06 am »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #271 на: 25 Мај 2017, 09:51:30 am »
Тоа што кај нас сиротиња купува кола од 50-60-70.000 евра со основни седишта само за да вози Мерцедес или БМВ или Ауди, или што и да е, тоа е друго. Кога ќе ги видам донесените BMW 5-ки кај еден наш увозник на половњаци, со основни, ПЛАТНЕНИ седишта - јасно ми станува.

Се согласувам дека не прилега толку скапа кола без квалитетна кожа ама има и друг аспект околу тоа.

Кожата у 90% од колите е ѓубре, види по огласиве BMW 5-ки 2009-2010 со под 200к поминато кожата е партали, испукана, изљупена, избледена, со флеки. Причина за тоа е чкарт "кожата" шо ја ставаат како прв step-up од платени седишта...вистинската кожа (Nappa/Merino) кошта дупло повеќе и не се нуди во 1,2,3-ка...само од 5-ка нагоре и тоа само во комбинација со скапи (comfort) седишта кои исто така коштаат ѓаол ипол. Еве малку подетално околу тоа: http://blogs.youwheel.com/2015/05/03/not-created-equal-bmw-leather-explained/

Никогаш не би зел кола со еко ''кожа“ колку да кажам еве фул е братче. Има огромна разлика на допир, лизгање, потење и издржливост.

Кога станува збор за BMW мене повеќе ме вреѓа да платиш 5-10к повеќе за опрема а да го земеш најслабиот мотор пр. 316i 520i и да бапнеш навигации сончеви кровови сијалички камери и 19ки на неа...али секој со своите преференци и потреби.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #272 на: 25 Мај 2017, 10:01:30 am »
Не мора да се кожни седиштата. Нека е алкантара, нека е комбинација од штоф и кожа, фак ит, нека се и платнени - само да се убаво профилирани, со доволно странична поддршка и можност за убаво нагодување.

Еве, вака:



Се согласувам со тебе дека еко-кожа моментот не е  баш идеален за долготрајност. Ама - ако се одржува правилно, и таа еко кожа ќе трае долго. А на крају краева, на првиот купувач не му е важно како ќе изгледаат седиштата после 200к км. Него му е важно првите 100к да се добри. Го боли карданот него за тоа какви ќе му бидат седиштата на 7-миот власник од Македонија.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #273 на: 25 Мај 2017, 10:06:01 am »
Она светлото кај педалите .. полуматура.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #274 на: 25 Мај 2017, 10:16:11 am »
Не мора да се кожни седиштата. Нека е алкантара, нека е комбинација од штоф и кожа, фак ит, нека се и платнени - само да се убаво профилирани, со доволно странична поддршка и можност за убаво нагодување.

Еве, вака:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Се согласувам со тебе дека еко-кожа моментот не е  баш идеален за долготрајност. Ама - ако се одржува правилно, и таа еко кожа ќе трае долго. А на крају краева, на првиот купувач не му е важно како ќе изгледаат седиштата после 200к км. Него му е важно првите 100к да се добри. Го боли карданот него за тоа какви ќе му бидат седиштата на 7-миот власник од Македонија.

Ова алкантара е или штоф?

Иначе да, за добро седиште би доплатил, на старо ако е дури би го сменил ако колата е добра. Седиште е најбитна ствар од ентериерот според мене...па волан па све остало, јер со нив си цело време во контакт додека возиш.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #275 на: 25 Мај 2017, 10:25:12 am »
Она светлото кај педалите .. полуматура.

Колку што ми текнува, светлото е само додека се отворени вратите.


Ова алкантара е или штоф?

Иначе да, за добро седиште би доплатил, на старо ако е дури би го сменил ако колата е добра. Седиште е најбитна ствар од ентериерот според мене...па волан па све остало, јер со нив си цело време во контакт додека возиш.

Штоф. И одлични се седиштата.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #276 на: 25 Мај 2017, 10:31:29 am »
Штоф. И одлични се седиштата.

Седиштата се одлични ги пробав уште лани, а најдобра разлика од претходната генерација е што има опција да се седи многу пониско.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #277 на: 25 Мај 2017, 10:41:50 am »
Алкантрата колку што знам брзо бледее и "се лиже"...
Шо знам...да возам премиум возило со штоф внатре ми е ко да сум облекол Битсиани одело, а доле да сум по влечки од битпазар...

Збориме за зачуван и одржуван кожен ентериер...не како половњациве по огласи со фул опрема и кожа, а ко ќе отвориш внатре мислиш мачки се дереле на шоферско седиште.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #278 на: 25 Мај 2017, 10:44:00 am »
Грешиш за алкантарата. Треба да ги видиш седиштата од Голфот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #279 на: 25 Мај 2017, 10:51:10 am »
Еко кожата, тоа што има 500 врсти еко кожа, е баш направена да е подобра од обична кожа во издржливост. Поготово за шалт табла баш имав гледано кај мечка и бемве кај што пече сонце и слични проблематични места се користи исклучиво еко кожа. Баш како подобра опција.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #280 на: 25 Мај 2017, 12:19:19 pm »
320д со 163кс.

Тоа е моторот што се вградуваше пред рестајлингот ако добро паметам. Наследникот кој е нешто малку појак е на ланче а менување на истото е pain in the ass процедура која чини и по 1000е па затоа е не толку популарен. Тоа е фората?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3723
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #281 на: 25 Мај 2017, 12:39:30 pm »
Tоа и плус би требало да нема ДПФ, a 318д од тој период мислам дека ги нема тие славни swirl flaps:

BMW – E36 & E46 320D Models do not have a DPF and the E90 163BHP models also did not have a DPF fitted, until the 177BHP engine was rolled out in 2007. This also applies to the detuned 2.0 318D engine. The 118D and 120D are the same engines as used in the 3 series, although the 123D had a DPF factory fitted from its release. All X1’s are fitted with DPF’s

Pre 2004 330D, 530D & 525D,  X5 models do not have DPF’s fitted – these appeared on 3.0D models from MY 2005.

BMW’s also have a cosmetic method of identifying whether a Particulate filter (DPF) is present, assuming that a standard non modified exhaust is fitted, BMW cars which have straight exhaust tailpipes have DPF’s fitted, those without DPF’s have a tailpipe which points slightly downward.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #282 на: 25 Мај 2017, 12:48:07 pm »
И кога ке зимаш Е90, гледај да е сменето hpop(high pressure oil pump), бидејки тоа е “нормален“ проблем после 100-150к км.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #283 на: 25 Мај 2017, 12:57:11 pm »
Нормално е да престане да се подмачкува мотор после 100-150к...
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: BMW и неговите модели
« Одговори #284 на: 25 Мај 2017, 12:59:39 pm »
Не прават повеќе ни 3ка 5ка 7мица за чување, се е за да купиш на ново да повозиш 4-5 години и да ја шитнеш, сите овие нови модели ќе бидат заборавени во иднина, ко што го заборавивме диското во 80ти. И никој нема да прави видео за нив како она погоре за 850ката.
Капитализмот налага растрошно општество. Не само што колите сега се да повозиш, туку да не ни можеш да повозиш многу и да мора да купиш ново.
https://en.wikipedia.org/wiki/Planned_obsolescence

Во последниве модели на коли е посебно забележливо ова. Веќе не се ни ДИСКУТИРА за КОЛАТА туку за ѓубрето во неа. Не е битно како вози, колку е удобна и мека, не се важни седиштата, не е важна тивкоста на автопат, лумбална поддршка не се чуло ни видело, не е важно одржувањето - ништо од круцијалните работи не е важно. Сега се главни најминливите и убедливо најнебитни работи во една кола. За да ги најдеш битните информации или неможеш или треба сам да си ги мериш. Никаде ги нема, никој не ги тестира. Никаде. Дисплејот да е 8 инча наместо 5 инча е битно, незнам зошто кога еднаш годишно стискаш плеј на песна или старт на навигација. Команди на волан, боже господе 4 мочани копчиња кои се јуслес, што поголеми бандажи да има кочијата, незнам багажник да се отвара со мафтање нога... 100 факинг години се прават коливе, 100. 100 години веќе и уште немаме смислено салам седиште и се циганчиме за лим и простор за нозе. Ко 1741ва да сме. Гнаси.

Амин.