Немаше да смета предницата од осмицата да ја ископираат, смалат и адаптираат за "помалите" модели.
Ауди така прават со децении и очигледно не е проблем дека не знаеш дали позади тебе вози А3 или S8 додека не те претекне.
Ауди изгледаат супер како за коли од 2021ва година кога се повеќе „премиум“ марките одат на што поголема контроверзија и што поружни и поарапски дизајни. Ауди сеуште се задржува на некои готски и нормални културни моменти и не е срамота да се купи. Освен некои модели кои се за чистење шахти, моделите им се многу добри и функционални. Секако на чело со А5, па А7 и се натаму. Најобичен S-Line модел без С или РС моменти на вулгарност. Предобри на изглед едноставно. Дури и највулгарниот Q8 е релативно кажано највоздржан во класата.
Уништениот дизајн на германцијте на големо треба да го искористат (и го користат веќе) за да инксираат Lexus, Jaguar, Land Rover, Volvo и слични кои испаднаа многу понапредни во дизајн од големците кои само се пикаат на арапскиот полуостров.