Возев вакво...

3.0 дизел , реден шестак, мануелец.
232 КС/ 500 Нм
Внатре на возачко седиште тесничок на лакти, приметно потесен од Астрата, задна клупа комотна, гепек одличен.
Ентериер ( иако со кожа) ни П од премиум, со најобични пластики и дисплеј како кај секоја кола, но има се што во основа е потребно, без хипи трипи технологии,но и без некои видливи знаци на истрошеност после 170.000 км.
Агилност во кривини или нагли маневри скоро и да нема. Си љуља прописно иако амортизацијата е далеку од комфорна. Носи 235/50 R 18 гуми колку Астрата, али плаче за поголеми.
Звук на мотор - изненадувачки добар ко за дизел, масивен, главно бука има од под хауба, а не од издув. На поголема брзина заради кутвичест дизајн се слуша повеќе воздухот, откоолку бучава од мотор.
Менувач - одличен , прецизен 6 степен мануелен.
Перформанси - Она што фали во кривини и тоа како надополнува на правец. Се вози лабаво на ниски обртаи, а при стискање педаља во било која брзина, 500 нм повлекуваат здраво, а во втора или трета брзина кршат кичма. Значи корне.Прописно.
Колава се наоѓа за околу 10К по Германиите, ако не и помалку.
Можам да замислам како се понаша тројче ( двовратно по можност) со истиов мотор и менувач.
Енде.