BMW E91 со кој бензински мотор да се гледа, со можност за конвертирање на плин. Препорака за менувач, рачен или автоматски?
@Molec @Luki Junior и остали?
Не би ставал плин на мотор од BMW, не дека нешто брендот ау туку проблеми ќе си имаш како и со секој плин (ќе сецка, ќе гаси, нема да пали, ќе мириса, па ново филтерче, па цревце, па дизна, па штелување....низ нос ќе ти излезе заштедата), подобро земи дизел ако се вози многу.
Лично, BMW со слаб мотор(4 цилиндри атмо бензин) сметам дека нема поента, ако можеш повози 4 и 6 цилиндри, одма ќе видиш што ми е муабетот.
Бензински мотор за секој ден, би гледал исклучиво 6 цилиндри (325 или 330).
Дизел за секој ден би препорачал исто 6 цилиндри (325, 330, 335) заради смирената работа на моторот и моќноста во секое сценарио. Ако не ти е битно тоа, 318/320d се доволно моќни а трошат драстично помалку. Ама ланчето...сите мотори после 500.000км/10год го имаат тој проблем, смени го и нема да го мислиш.
Рачен менувач би сакал само на М модел или z4, а за daily driver секогаш автоматски.
Избегавај X-Drive и М-Sport подвозје.