Автор Тема: Opel и неговите модели  (Прочитано 716160 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1620 на: 29 Декември 2013, 20:57:24 pm »
Stratro vs. Zuti имаше денес? :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1621 на: 29 Декември 2013, 20:59:16 pm »
Му го исплеска газето како хондите што му го плескаат? ;D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1622 на: 29 Декември 2013, 21:08:41 pm »
класика ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1623 на: 29 Декември 2013, 21:09:42 pm »
Stratro vs. Zuti имаше денес? :)

Ne.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1624 на: 03 Јануари 2014, 20:41:09 pm »
Несакајки налетав, па ми текна дека доста зборувавме за Адам


додека


или пак.....


Така да 4те звездички со новиве регулативи што ги имаат се онака океј резултат, пошто незнам колку се меродавни 5те на ап,мии и тоа на шкода како и да се викаше (тие се тестирани 2011, а адамот 2013) незнам кога влегоа на сила тие построгите критериуми...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1625 на: 03 Јануари 2014, 22:36:46 pm »
Flak je mrak...





Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1626 на: 04 Јануари 2014, 11:45:44 am »
Opel Antara i ne e taka los model na Opel.

Tukusto vidov Opel Adam vo zivo vo crvena boja.Ne znam zasto odednas Antara pocna da mi lici i kako uspesen Opel prema Adam.

Obicno ne sum taka osetliv prema nadvoresen izgled na vozilo ama so Adam ov osetiv blaga macnina.

Kucam od mob zatoa latinica.

Darko

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1627 на: 04 Јануари 2014, 11:57:21 am »
Поминав два дена со Opel Adam и грубо, ова се моите заклучоци.

- Од напред изгледа прифатливо, дури убаво, се додека се избере вистинска комбинација на бои.
- Од страна изгледа чудно, особено втората половина на колата. Многу е чуден ц-столбот односно тоа исфорсираното спуштање на линијата. Да го направеле wraparound, a-la DS3 би изгледало многу подобро.
- Од позади е тотално чудно. Задните светла се премали и целата задница е превисока. Кул се рикверц светлото и магленката.
- Моторчето (1.4 со 100 коња) е сосема соодветно за намерата. Брзичко е, ама и трошаџиче. Во град според борд потроши околу 8.3-8.7 литри на 100 километри.
- Има 5 брзини, би било подобро да има 6, особено за на отворено.
- Изолацијата е генерално добра.
- Суспензијата е ПРЕ-мека, односно колата е љуљава. Фиц го возеше позади мене Адам-от кога отидовме да го вратиме, на секое тргнување толку се спушташе задниот дел што мислев дека ми свети со долги светла. Добро занесува и во кривини. Сигурно има некоја спорт варијанта.
- Од друга страна, краткото меѓуоскино растојание го прави као мини-картингче. Прилично управливо, добри кочници.
- Ентериерот е фанки и модерен. Има некои тотално промашени пластики кои не одговараат на количе со премиум аспирации. Фин тач-скрин. Има City режим за воланот.
- На задните седишта дури и кога седи некој понизок (еве, јас) има место само за две од седумте џуџиња.
- Така накитено како што го возевме, кошта 15.000 евра.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1628 на: 04 Јануари 2014, 12:05:34 pm »
Целосно се согласувам! Инаку како појава е интересно, но кога ќе го загледаш поубаво од надвор се забележува според мене нескладниот дизајн. Она што ми се допадна е дизајнот на ентериерот и звукот на моторот.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1629 на: 04 Јануари 2014, 12:14:52 pm »
Vi vikam jas solidno si e Adamceto.
Cenata e veke drug muabet bidejki sum kazal deka ne se soglasuvam so prodaznuite ceni ne samo na Opel, tuku na 99% od novite auta ....opsto...preterizam se site.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1630 на: 04 Јануари 2014, 12:37:12 pm »
При високи вртежи моторот е неподносливо гласен внетре. Без гас, на пример на надолнина с моторно кочење не се седи над 4000. Од друга страна со отворени прозори звукот е подобар (спортски).

Возилото е превисоко, посебно позади. Треба да се спушти поприлично за да заличи. Ова не е предмет на дискусија, задолжително е.

Моторот е добар. Но, мислам дека со оваа цена требало да се додадат барем некои ситни моменти како стартстоп, микрохибрид старт (електромоторче 0-1200рпм), ем ќе ја намалат потрошњата на градско возило, ем даваат дојам дека некој се потрудил да си во тек со технологијата.

Нема копче за гасење на TCS/ESP, страшно те укочува тоа.

Сити мод за лесен волан е добар. Но, не памти дека си го уклучил кога ќе ја изгасиш колата и треба да го палиш наново. Поарно ич да не го ставале копчето ако треба да го палам на секое влагање. Глупости, треба да си памти.

Титкалото за каиш е пристојно, но и напорно. Во ред потсетиме дека треба каиш, па остај 10 секунди пауза па пак потсети. Немора да ти титка во мозок додека не ставиш. Или да се стиша барем.

Многу добра возачка позиција, многу интересно за возење, убави команди, добар волан, добри седишта, добро радио. Откога ќе се спушти ќе има и добри возни карактеристики.

Има небо на таванот. Можеби таму стои панорамски покрив? Весело е.

Многу тешко се излегува од вратите зошто се големи. Но затоа имаат добра странична прегледност. Задна прегледност е лоша заради големите пилари.

Седиштата се бели и испрљани после 800км возење. На што ли ќе личат после 30.000км? Да се избегне белиот ентериер.

Колата е многу добро градско возилце за исклучиво два патника и ниту еден повеќе. Освен микро деца позади. Вреди да се дадат 10.000еур на ново, да имаше интересни системи за заштеда на гориво можеби и 11.000 стартстопови и слични ствари. Микрохибрид и гасење цилиндри и пет тактен мотор може и ќе се истрпи 14.000еур.


Ружноста му доаѓа од висината позади - според мене. Го убива висината во поим. Среќа тоа се коригира, другото е ствар укуса. Цената е ретардирана.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1631 на: 04 Јануари 2014, 12:52:07 pm »
Незнам кое сте го тестирале вие,јас имав прилика да пробувам една виолетово-бела комбинација.
Сликајте ги очајните стапчиња за заклучување на вратите и пластиките околу нив.
Исто и бочните пластики,позади кај звучниците,е лош квалитет ем лоша изработка.
У глобала со се др се согласувам.
Централната конзола со нејзините компоненти оддава чувство на квалитет,добри се материјалите.
Таму кај што најчесто гледа човечкото око има посветено внимание,ама на сите др места се гледа кратење.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1632 на: 04 Јануари 2014, 16:30:00 pm »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1633 на: 04 Јануари 2014, 18:12:04 pm »
^Семе Синапово

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: opel и неговите модели
« Одговори #1634 на: 04 Јануари 2014, 18:51:22 pm »
Citam denovive Ford se falat deka noviot Mustang ke imal nezavisna zadna suspenzija kako standard.