Моментално сум од тел па нема да можам многу опширно. Во глобала голем дел од А4 ките имаат проблем со замајците. Запознаен сум досега со истиот проблем кај 3 мој познаници со вакви коли. Истиот е делумно одстранет во моделите од 2010год но не целосно. Проблемот обично се решава во гаранција, но нашите сељаци од Порше при замена на замаецот пишуваат дека ламелата е здрава и истиот проблем се повторува во круг зошто не менуваат цел сет туку само замаец. Истото јас го дознав кога имав 90ккм на колата. Надвор од гаранција е околу 1000евра со одлични делови(Sachs) и работна рака.
Друго колата си е супер

Има исклучително добра изолација и воопшто не се осеќаат брзините до 180км/ч а и над тоа не е ништо претерано и неиздржливо. Потрошувачка во просек ми е 7.0л на 100км но може да оди надоле во зависност од стилот на возење на татко ти. Резервоарот е скоро 70л и има одлична автономија. Доста подвижна и агилна е со оглед на големината на колата. Супер е за подолги километражи и воопшто не замара, исто така и исклучително стабилна на големи брзини. Воланот гледај да е со Сервотроник, односно да се менува тежината и потребните вртења од крај до крај. Во зависност од брзината низ град се врти и со 1 прст а потребни се само 2 или 2.5 круга од крај до крај, на отворено е доста потврд и потребни се повеќе вртежи, презадоволен сум од оваа опција, треба да е стандардна, а не е.
Моторот е одличен, и би рекол најдобриот елемент од возилото. Изгледа и низ вожња се чини појак од декларираните 143кс, повлекува од сите обртаи и речиси и да нема турбо дупка. Сум се пробал неколку пати со 318д 143кс и се чини како или аудито да е со 10-15кс повеќе или БМЊ то со помалце. Не троши уље, не тресе. Звукот на дизел е минимално изразен единствено наутро во првите 2-3км. Не троши уље воопшто. Мењачот е исто така одличен, малку е потврд одколу оној на 2.0 ТДИ кој се вградува во ВЊ но со тек на време се навикнуваш и дури чудно ми е сега кога е толку мек мењачот. За кумплугот, замаецот и останато околу тоа нема да зборувам зошто знаеш како е.
Озвучувањето зависи какво ќе ви се погоди во моделот, но од "Concert" нагоре се е супер. Кај мене има појачало и 10-12 звучници, вклучително и вуфер така да од тоа сум задоволен, едино планирам да ги менувам задните звучници во вратите, многу слаби се некако. Простор има напред супер, назад е доволно за возрасни до 185 но е помало од Пасат. Седиштата се исто доста удобни и големи, особено спрема конкурентните, ако начекаш модел со спортски седишта не се мисли, уште подобри се. Сервис редовен е 10-11.000 во Порше, во сопствена режија над 6000 не верувам да е но немам правено досега сам. Дисковите одприлика предните траат 60ккм, задните 80ккм, кога сме кај кочниците исто така има и исклучително силни кочници кој е скоро невозможно да се прегреат, јас до сега не сум успеал а сум се трудел

Светлата се одлични и навистина се помеѓу најдобрите ксенони што сум ги видел.Што те интересира друго слободно прашај.
Дали би ја купил уште еднаш НЕ, и тоа само и само заради сервисот на Порше.