Доколку моторот генерира 100KW во период од 1 час и притоа цело време се наоѓа во област во која има ефикасност од 10 g/KWh, за тој еден час ќе потроши 1kg гориво.
Тоа е толкувањето.
Toa e читање на графикот. Толкување е одредување на импликациите кои ги сугерира графикот. Твоето толкување е дека постојат сценарија при кои - everything else being equal - кола во понизок степен на пренос и повеќе вртежи ќе потроши помалку гориво отколку истата кола во повисок степен на пренос и помалку вртежи.
Затоа, уште еднаш те молам да ми го опишеш тоа сценарио во практични рамки, како би можел да го рекреирам да ја потврдам точноста на твоето толкување.
Доколку сакаш да тестираш со друго возило можеш да направиш табела:
( . . . )
И за секоја брзина при секој степен (во кој е можно да се вози при таа брзина) да ја впишеш потрошувачката која си ја добил. За уште попрецизно можеш да тестираш и на интервал од 5км/ч.
Ова е све фино, а систематскиот научен пристап „измери - запиши“ ми се допаѓа неизмерно, но има три проблеми:
1. Не е тоа што го барам. Барам конкретно сценарио - кое ти нели можеш да го воочиш со твоето толкување на графиците.
2. Ова (мање-више) веќе сум го направил со мојата кола и резултатите се тие кои ти ги кажав: на помалку вртежи секогаш троши помалку. Те прашав дали со астра 1.4 може да се забележи феноменот за кој зборуваш, но не ми одговори. Не можеш да најдеш соодветни графици за астра?
3. Замисли дека ќе пробам и со друга кола и повторно ќе троши најмалку на најмали вртежи. Секогаш можеш да кажеш „аха, ама треба со таа-и-таа колa X за да видиш“.
Затоа - те молам. Ене ти го интернет, ене ти ги (прекрасните!) графици, дај конкретно сценарио и да го тестираме.
Зошто не со дизелот твој?
Затоа што ми беше укажано дека баш со мојот дизел не било можно такво сценарио, што јас го прифатив без дискусија бидејќи се поклопува со моите сфаќања и искуства.