Таа точка е при најголемо можно оптеретување, тоест најголем можен торк. Толку.
Не.
Замисли атмосферски бензинец. Знам дека калосот кој го имав имаше макс торк на 4500 рпм. Дали тогаш беше најефикасен? Никако. Ако го возам у петта на 4500 рпм ќе поминам помало растојание пред да ми снема гориво отколку ако го возам у петта на 2000 рпм.
„Моторот е најефикасен при макс торк“ би важело само доколку моторот троши исто при сите вртежи. Па така, кај што прави највише торк - таму е и најефикасен. Просто. Е, арно ама, моторот не троши исто при сите вртежи.
Ајде да дисрегард мењач. Да замислиме дека е фиксиран у петта. Најмногу километри колата ќе помине при најниските можни вртежи. Крај.
Доколку моторот навистина е најефикасен при макс торк, тогаш при пониски вртежи од тоа треба да троши повеќе. А не троши.
Васил, моторот не е најекономичен кога е најмоќен. Си измешал моќност со момент. Моќноста се коњите. Единствената причина зошто повисоките степени на пренос се поекономични е затоа што ги намалуваат вртежите на моторот, т.е. ги намалуваат паразитските губитоци. Инаку, на некој начин си во право кога велиш дека повисокиот степен на пренос е поефикасен бидејќи повеќе го оптоварува моторот, но од тоа не следи дека моторот е најекономичен при макс торк. Замисли кола на угорница. Кога ќе биде пооптоварен моторот: во трета при макс торк или во петта при 1200 рпм (далеку од макс торк)?
Симо, во врска со качувањето на стража: не случајно потенцирав „наниски МОЖНИ вртежи“ наместо „најниски вртежи“. Ако на стража некоја кола е можно да се качи на 2000 рпм СИГУРНО ќе потроши помалце гориво отколку ако се качи на 4000 рпм, а максималниот момент може да биде кај сака сместен во вртежите, ирелевантно е. А она со вметнувањето на времето не сум сигурен што ти значи. Ако го вметнам времето (т.е. што пократко време тоа боље) тогаш е битно каде е максималната коњажа, а не максималниот момент. Значи во секој случај е небитно каде е максималниот момент.
Зеро, при макс торк моторот вади макс торк. Тавтологија. Но макс торк просто не е потребен за максимално километри со минимално гориво, а тоа е ефикасноста.
Да повторам:
МВС најмалку троши при најмалите можни вртежи за зададената задача. Максималниот момент може кај сака да биде сместен, не менува ништо.