Автор Тема: CARclub.mk Форум - State of The Union  (Прочитано 18890 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub.mk Форум - State of The Union
« на: 15 Јули 2011, 00:56:22 am »
После последниве неколку дена, се наоѓам себеси приморан да го напишам овој пост, со надеж дека ќе помогне малку за подигнување на нивото на комуникација и подобрување на меѓу-членските односи на форумот.

Сите добро ја знаете историјата на форумов, и зошто постои. Единствената цел е да понудиме место каде што луѓето кои се интересираат за коли ќе имаат место за комуникација, дружење и соработка. Е сега, последниве неколку дена расправиите и караниците стануваат навистина огромни, и верувајте ми, ја доведуваат во прашање иднината на самиот форум. Не ви е јасно зошто? Дозволете да ви објаснам.

Форумот функционира поради, и за неговите членови. Ако дискусиите - во кои е сосема нормално да има лични ставови - прераснат во навреди по лична основа, и избегаат од контрола, членовите полека (но сигурно) ќе почнат да го напуштаат форумот. Со тоа, форумот ќе умре, а ние ќе немаме место за дружење. Навистина многу направивме до сега, за да дозволиме тоа да се случи, нели?

Понатаму - сите ние се дружиме тука на форумот, но се дружиме и надвор од него. Размислете дали вреди заради некоја банална работа на форум, да се испокарате со некого кога ќе се видиме на собир, или ќе треба некаде да одиме? Малку детски, нели? Нормално е да постои ривалство помеѓу брендови, и секој да си го брани своето, но не претерувајте. Целта е дружење, опуштање и соработка. Не е целта мене да ме бараат луѓе на телефон кога сум излезен по работа, да ми кажат дека на форумот стварите излегуваат од контрола. Ова се случило, и не се случило само еднаш.

И самите гледате дека имаме навистина голема толеранција за оф-топик. Но таа толеранција почнува да се злоупотребува, и секој корисен тред да иде у три фине лепе после 10 поста, ради тролање, провоцирање и играње курташак.

Преку форумов имав шанса да запознаам одлични луѓе, со кои сакам да се дружам и во иднина. Многу често сите ние тука си помагаме еден на друг, во било каква ситуација - и тоа е тоа што го прави овој форум различен од другите. Ве молам, најискрено, од срце ве молам, да не дозволиме форумот да пропадне, а тоа не зависи само од мене. Најлесно што можам да направам е да го исклучам форумот, и да не се замарам повеќе, ама после се што направивме, навистина не сакам да го направам тоа.

Поздрав.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #1 на: 15 Јули 2011, 01:02:35 am »
Да си ми жив и здрав... Се надевам дека ова ќе успее да разигра нечија сива мозочна маса, и ќе ја разбуди од многу мнооооогу лоша хибернација... Многу убаво, и супер, и најопуштено си почна целава работа, за да треба сеа да пати поради тоа што на некои карактери им било досадно, или немаат попаметна работа у животов...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #2 на: 15 Јули 2011, 01:03:55 am »
Пошто јас се најдов најзасегнат во ситуацијава,сакам да ја покажам пораката која ја испратив кон Chlink,веднаш по муабетот (за тоа може и самиот да потврди) !

Јас и ти се запознавме лично и сега одеднаш мене ми се нафрли-нема смисла знаеш и сам,ама нема везе !
...... и .... нон-стоп серат за алфа,и никому ништо ти мене-без потреба !!!

ОК Нема везе-поздрав...


Се извинувам од мое име за НЕ потребните шали !

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #3 на: 15 Јули 2011, 01:07:14 am »
Се ИЗВИНУВАМ и јас, со тебе Аце па ни со никого не сум сакал ниту сум имал проблеми, мојот муабет што го терам цело време како некоја кучка е тоа што зеро горе го пишува.

Ќе ни се расипе целава работа, еве мене ќе ме нема некое време и ќе оладам малце.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #4 на: 15 Јули 2011, 01:09:27 am »
Воопшто не е поентата некој да го нема. Напротив, баш сакам сите да се тука. Поентата е дека треба да излеземе од дупката во која што сме влезени, и да продолжиме понатаму, сите заедно.

За Карклуб имаме навистина големи планови, и уште поголеми идеи, кои се надеваме дека ќе успееме да ги оствариме. Ако не се средат работите, ништо од тоа нема да биде, а и ништо од ова што го имаме, нема да остане.

Пак ќе кажам, не е поентата некој да го нема.

Аце и Члинк - Браво, така се решаваат стварите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #5 на: 15 Јули 2011, 01:10:24 am »
Со оглед на тоа што ситуацијата ескалира во тоа што ескалира, јас и Куоре како дежурни Алфисти се решивме да апстинираме од форумов до понеделник, со надеж дека тоа ќе ја смири ситуацијата.
До членовите за кои и е наменет постот на Класниот, се надевам дека ќе го следите примерот на гОЈДО, кој се смири и сталожи и успеа да даде објективно мислење за Алфа Ромео како бренд.
Кога станува збор за личните навреди, воопшто не се потребни. Во постот на ace-106 поради кој беше и опоменат од Класниот, јас лично приметив и закана. Вие сте возрасни и сериозни луѓе и овие несогласувања се решаваат по различен пат, а тој пат, гледајќи ги вашите други постови, сум убеден дека можете да го следите.

Поздрав и се читаме во понеделник.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #6 на: 15 Јули 2011, 01:10:46 am »
Воопшто не е поентата некој да го нема. Напротив, баш сакам сите да се тука. Поентата е дека треба да излеземе од дупката во која што сме влезени, и да продолжиме понатаму, сите заедно.

За Карклуб имаме навистина големи планови, и уште поголеми идеи, кои се надеваме дека ќе успееме да ги оствариме. Ако не се средат работите, ништо од тоа нема да биде, а и ништо од ова што го имаме, нема да остане.

Пак ќе кажам, не е поентата некој да го нема.

Аце и Члинк - Браво, така се решаваат стварите.

Фала наставничке ;D ;D ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #7 на: 15 Јули 2011, 01:30:38 am »
Се извинувам што мразам Хјундаи.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #8 на: 15 Јули 2011, 04:31:06 am »
Баш од таа причина и не продолжив да коментирав во темата Алфа вс Се друго ...

Ке почнеа да летаа навреди и етикетирање од причина што има членови кои слепо го бранат брендот кој го возат ..

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #9 на: 15 Јули 2011, 12:45:42 pm »
Kako sto pisav vo edna tema pak ke kazam. Na forumcevo sme sobrani luge lubiteli na Avtomobili, podednakvo se cenat site fala bogu. Ekipata sto momentalno e na sekoj sobir prisutna e odlicna pagaat zezancii i druzenje pa i taka treba da ostane. Forumov ne e za ednas, treba da se sirime i so clenovi i treba da se ostava dobar primer.

Pozdrav do site clenovi na CarClub, idemo dalje :)
« Последно менување: 15 Јули 2011, 12:50:14 pm bokicivic »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #10 на: 15 Јули 2011, 13:22:56 pm »
Дупачки имало, има и понатаму ќе има, како и во секое друштво и е супер ама додека се во границите на нормалното.
Јас и Куоре се рчкаме одамна ама ретко доаѓало до ескалација и преминување во лични навреди.
Проблемот е што други се замешуваат наоѓајки се себе погодени апсолутно без причина.
Тоа е лична пресметка, мерење на онаквое, заебанција, зезанје и не би требало да ги засега другите и не би требало да заземаат страна без разлика дали се истомисленици со некого.
Затоа и јас апелирав неколку пати да не се меша никој и нагласив дека е тоа лично, помеѓу мене и Куоре.

Како и да е, Шо беше беше, турете му пепел и идемо даље.

Меѓу другото еве јавно му честитам на Куоре што издржа секакви заебанции без поголеми екцесни ситуации.

П.С. А тоа за Ку*от ќе те кошта пиво на прв нареден собир...!
« Последно менување: 15 Јули 2011, 13:25:07 pm Sportex »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #11 на: 15 Јули 2011, 13:24:39 pm »
Ве сакам сите бе да ви ја ебам глаата !!!  ;D :D ;D :D ;D

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #12 на: 15 Јули 2011, 13:31:18 pm »
Ве сакам сите бе да ви ја ебам глаата !!!  ;D :D ;D :D ;D

Mе расплака  :'( :'( :'(

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #13 на: 15 Јули 2011, 13:37:24 pm »
Се извинувам што мразам Хјундаи.

haha izvineto ti e :D
I mene mi e krivo so me nerviraat vo Porsche so cenite i odnosot na sto se otkazav od golfceto :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: CARclub.mk Форум - State of The Union
« Одговори #14 на: 15 Јули 2011, 13:40:26 pm »
Држи муабетов на класната. И јас сум приметил дека има несовесни клабери...::)

Иначе од вакви како Спортекс настануваат сите понатамошни конфликтни ситуации. Да не се расправам сега на темава бидејќи ќе сме ОТ. Ќе се псуеме по приватни пораки...Па како можеш сам да си дадеш такво екслузивно право на билатерална расправија и заебанции со Куоре...Знаеш дека и јас сум подеднакво емотивен како тебе, а Куоре има специјално место во моето срце... :D

Куоре, должам 5 домаќински пива во знак на почит кон сето она кое го истрпи од моја страна.

Члинк, кој ти псуе Алфа да му умре мајка у п*чка!

Дени, ако има господ ќе даде да не сакаш да влезеш во друга марка на возило освен Киаундаи.

Сопственици на Голф, Немам ништо лично за некој од вас ниту пак против ФВ. Единствено имам предрасуди спрема тој модел на автомобил. Имам само против Гољфот на Томи: сакам да ми го позајми на кратко - доста ми се 2 минути да му ги искинам гумите :D

Поздрав до класната. Не се секирај наставничке, ќе бидеме поумни. Немој да не издадеш на родителите!
Ум шо идит отпосле не јет ум!