Пораката на Џонтра се однесува на Ваш фабрик
И мене ми беше испрана колата ама не знам колку добро пошто беше темница.
Иначе не грешам. Кој сака нека оди нека провери. Трепа да потрошат некој денар да си ги решат проблематичните точки.
Џонтра,
Те молам наведи кои се проблематични точки, значајот на истите, да видам дали се поклопуваме.
Имај во вид дека се работи за автоматска перална.
Батка, тоа што се работи за автоматска перална не е важно. Дискутираме за квалитетот на перењето. Автоматизацијата додава + на времето за перење и работа на ниски температури, а додава - на тоа дека остава сам да треба да ја чистиш од внатре. Горе-доле има и негативни и позитивни страни.
Она што не чини е што не е одржувана и не равоти како треба.
1. Не работеше прскалка за шампон од левата страна на средна висина, наместо да прска таа е затната и од нејзе излегува само мала количина на пена која не доаѓа до колата.
2. Ротирачкиот сунѓер од десната страна беше заглавен и не ја допираше десната страна на колата.
3. Сувите фибер крпи се лошо димензионирани и само се влечат по колата една врз друга и само замачкуваат оставајќи флеки.
4. Бандажите/раткапните не се ни пипнати. На нив останува прашина и кога ќе се засушат додека усмукувам остануваат долгнавести флеки како што тече водата надоле.
Конкретно тоа е пропуст. Има и други работи што не ми се допаѓаат ама тоа мора така кај автоматизираните перални. Оваа мислам дека е оставена на забот на времето.
Џонтра,
Во првиот пост викаш, ти била испрана колата ама „не знам колку добро“ бидејки било темница. Со ова доаѓа до израз твојата објективност за тоа како била испрана колата. Испери ја преку ден, па констатирај дали добро или лошо ти ја испрале. Вака смерно одиш во правец на лошо, а ете од темницата ни ти не знаеш како ти ја испрале. Со оглед дека пералната е под капата на Гранит, и нивниот „ку* ме боле за пералната“ - однос, благодарејќи на човечкиот фактор таму, а не на сопствениците, пералната функционира како 4 од 5 германски автоматски перални посетени од мене лично во Германија.
Прскалките се затнуваат ретко но ни тоа не е ништо ново. Ама и тоа се оправа, ако не истиот ден тогаш наредниот, со оглед дека секое утро се пушта првата кола да биде некоја од нивните, и приметуваат брзо и отклонуваат. Сигурно е и дека ако истот го приметиле во сред работа, нема поради тоа да ја застанат пералната и да отпушуваат една дизна, на вкупно 8 кои исто така ја покриваат површината.
Ротирачки сунѓер не допирал. Мене не ми се случило, но ете тебе да. Во таква пракса, се враќаш назад ( ако сакаш нели ) и пријавуваш. Ако може дефектот инстанто да се отклони, го прават, и те пуштаат уште еднаш бесплатно, или ти понудуваат наредното перење ти биде бесплатно. Фер мислам нели ? Ова исто важи ако после излегувањето од пералната поради билокоја причина е направен превид или дел од возило не е испрано.
Сувите крпи на крајот се димензионирани спрема Крист и така поставени. И јас го прашував исото, и ми отворија процедура, како се местат и накоја висина. Флеките потекнуваат само од нанесувачот за восок, ако некое возило пред тебе фркнало тарифа 250. Тој проблем не е решлив, и не важи за наредното возило. Само за тоа едното после.
Бандаши и раткапни. Мене не ми се случило да не бидат испрани, а перам најмалку 2 пати неделно таму. Системот за бандаши не работи повеќе години и веројатноста да проработи е мала, бидејки нема соодветен мајстор да го поправи. Нов нема да набават. Тоа не значи многу со оглед на тоа дека бандашите убаво ги перат на почеток, а и четките од пералната доволно ниско ги фаќаат.
Вошфабрик има четки кои се од специјален фротир, и коштаат повеќе од оние на ПСС, кои ги имаат основните гумирано пластични.
И да, секогаш, потенцирам секогаш можеш да направиш рекламација на билошто мислиш дека не е направено како треба.
Прскалката а ?