Ајде Веле аирлија сефте годинава. Па да си го фатиш редот и уште три пати да ја опереш колата годинаава.
Бидејќи бев сведок, ќе ви раскажам како започна процесот на перење. Најпрво со штемајз и чекан внимателно беа отстранети дебелите насалги на земја и сталагмити од обогатено олово. Потоа со ултразвук го снемоштија и последниот леер малтер па големата земјена тумба конечно заличи на кола...После онаа стандардната процедура со миење со ВАП, шампон и слично.
Многу се изненадив кога видов дека бандажите имаат тотално различна боја од каросеријата.
Веле, сезоната за орање е почната од 15-ти Март, а ти уште не си ги монтирал крампонките наместо зимските гуми. Глеј не се зезај, искрористи сезонава, знаеш дека летоска тешко се ора.