Мислам дека добра идеја е да се направи инкогнито тестирање на перални на возила, и да се одбере најперална во Скопје ( или Македонија ).
Принципот е поставување услови исти за сите. Ондак победникот да си добие урамена диплома од КарКлуб.мк
Инаку, за мене Оли е една од подобрите, само дефинитивно ме нервира што останува од тоа средството за перење во прозорите, па не помислувај да отвориш пенџер одма после перење дур не се исуши убаво, иначе ќе добиеш обелен прозор.
Веројатно тоа е исто кај сите што користат пена, изгледа дека тешко се измива на недостапните места.