По сугестија на Гојдо, веќе втор пат одам во пералната Тото во Карпош 4 (на раскрсницата пред мостот Обединети Нации), и сум импресиониран во секој поглед. Посветуваат навистина многу внимание, и од сега ќе одам исклучиво таму. Наскоро ќе објавиме соработка со нив, а членовите на КарКлуб ќе имаат попусти при перење, хемиско чистење и полирање. Секоја чест, вака одамна не ми бил чист Леонот.
А да, заборавив, има и бесплатно Wi-Fi, да си сурфа човек додека чека.
