Да препорачате некоја самоуслужна перална што има солидни правосмукалки низ Аеродром? На окта бев, но не ме бендисаа правосмукалките.
Ако не те мрзи да се повозиш малку, на патот помеѓу Горно и Долно Лисиче, штом ја поминеш Паци Петрол бензинската има самоуслужна перална со одлични правосмукалки кои се бесплатни.
За перење е исто топ, има јак притисок и можеш да стопираш откако ќе ставиш пена доколку сакаш со четка/ракавица да си ја поминеш колата.
Сеуште го држи квалитетот таа самоуслужна перална уште од првиот ден.
Стандарден хечбек кола се пере со 100 денари.
Јас за 100 денари ја перам комплет, ја усисавам редовно и постојано е чиста.
4-5 одења во месецот, за 500 денари колата речиси постојано чиста.
Пералната е топ.