Кој дел е намерно? Трњата немаше како да ги избегнам бидејќи беше див пат без можност за вртење. Можев да не идам секако но би испуштил убава плажа. Дупката не ја видов искрено а ступчето мислев дека е пластично а тие лесно се виткаат.
На крајот од денот колата ме однесе во 14 држави и со неа свртев над 70к километри за 3 ипол години. Тоа е битното а не дали светела кога ќе ја исперам.
Не знам зошто упорно лошо ме сфаќаш.
Твоите ситуации ги наведов како надворешни влијанија, тие колку и да пазиш некогаш не можеш да ги избегнеш.
Со четка од перална на лак - свесно сам си ја оштетуваш колата. Не знам што не е јасно?
Муабетот ми беше дека твојата споредба на лепење фолија со неперење со четка нема смисла. Фолија е скапа и не е за секоја кола. Да избегнуваш да ја користиш четката оставена на перална и да избегнеш беспотребно оштетување на лакот кое си во можност да го спречиш е скрос бесплатно.
Ок де, можда ќе те кошта 500-600 денари еднаш за свој сунѓер.
Мило ми е што добро те служела колата, ама не сфаќам зошто е лошо да си ги пазиме работите што се во наша сопственост, особено тие скапо платените. Можеш и во валкан дом да живееш, ќе те служи сигурно, па пак чистиш по дома.