Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 892285 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4155 на: 14 Јули 2025, 11:54:32 am »
Јас на иста перална неколку пати перев и таа осмоза пак остава флеки, мислам дека е само маркетинг некоја финта.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4156 на: 14 Јули 2025, 12:38:36 pm »
Пералната кај Окта на 3-та Македонска Бригада за сега ми личи дека е ок. Има добра пена, солиден притисок и правосмукалките се ок и најбитно четки има таму не треба да носам моја.
Надворешно перење ми искачаа  150 денари. (Пена за 50 денари, и пплакење 100 денари прво восок па осмоза). Без разлика што водата е помината низ процес на осмоза и нема  потреба од бришење, ја поминувам цела кола со микрофибер крпа.
За внатре со 60 денари има 5 минути правосмукалка.
Претходно одев на таа кај Алумина, ама ја семнија изгледа пената и правосмикалките им се тапа.

Ако сакаш да си го заштитиш лакот, топло ти препорачувам таа четка од таму да не ти ја допре колата никогаш

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4157 на: 14 Јули 2025, 14:27:49 pm »
Абе види не сите па претеруваат со лепење на фолии од 3к евра за заштита на лакот. :D Хондата увек сум ја перел со четка од перална. На еден одмор вo грција се запукав во некои трња маме и ебав цела беше линии од страна. Еднаш вo Штип влегов со едно тркало во ископан ров од 1 метар за вода. Кај веро во чаир сите ступчиња се пластични и се виткаат а едно у средина метално да ти било. И јас го гледам ступчето викам ништо ќе се свитка мислејќи дека е пластично и отиде цело крило :D И сите овие дешавки од погоре што би рекол Пикац од вратиче се роде НИ ДА МЕ ДИРНЕ.


Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4158 на: 14 Јули 2025, 15:47:41 pm »
Ако сакаш да си го заштитиш лакот, топло ти препорачувам таа четка од таму да не ти ја допре колата никогаш

Претпоставувам за гумите ја користи. Јас прво ја плакнам со вапот па ги трљам гумите со неа. Па пак ја плакнам.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4159 на: 14 Јули 2025, 17:16:28 pm »
Абе види не сите па претеруваат со лепење на фолии од 3к евра за заштита на лакот. :D Хондата увек сум ја перел со четка од перална. На еден одмор вo грција се запукав во некои трња маме и ебав цела беше линии од страна. Еднаш вo Штип влегов со едно тркало во ископан ров од 1 метар за вода. Кај веро во чаир сите ступчиња се пластични и се виткаат а едно у средина метално да ти било. И јас го гледам ступчето викам ништо ќе се свитка мислејќи дека е пластично и отиде цело крило :D И сите овие дешавки од погоре што би рекол Пикац од вратиче се роде НИ ДА МЕ ДИРНЕ.


Има разлика од заштита со фолија од надворешни влијанија какви што ти наведе и свесно сам да си ја оштетуваш колата. Не гледам зошто би го правел второто, сепак си платил сериозни пари без разлика која кола е.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4160 на: 16 Јули 2025, 13:51:19 pm »
Кој дел е намерно? Трњата немаше како да ги избегнам бидејќи беше див пат без можност за вртење. Можев да не идам секако но би испуштил убава плажа. Дупката не ја видов искрено а ступчето мислев дека е пластично а тие лесно се виткаат.
На крајот од денот колата ме однесе во 14 држави и со неа свртев над 70к километри за 3 ипол години. Тоа е битното а не дали светела кога ќе ја исперам.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4161 на: 16 Јули 2025, 14:06:49 pm »
Кој дел е намерно? Трњата немаше како да ги избегнам бидејќи беше див пат без можност за вртење. Можев да не идам секако но би испуштил убава плажа. Дупката не ја видов искрено а ступчето мислев дека е пластично а тие лесно се виткаат.
На крајот од денот колата ме однесе во 14 држави и со неа свртев над 70к километри за 3 ипол години. Тоа е битното а не дали светела кога ќе ја исперам.

Не знам зошто упорно лошо ме сфаќаш.

Твоите ситуации ги наведов како надворешни влијанија, тие колку и да пазиш некогаш не можеш да ги избегнеш.

Со четка од перална на лак - свесно сам си ја оштетуваш колата. Не знам што не е јасно?

Муабетот ми беше дека твојата споредба на лепење фолија со неперење со четка нема смисла. Фолија е скапа и не е за секоја кола. Да избегнуваш да ја користиш четката оставена на перална и да избегнеш беспотребно оштетување на лакот кое си во можност да го спречиш е скрос бесплатно.

Ок де, можда ќе те кошта 500-600 денари еднаш за свој сунѓер.

Мило ми е што добро те служела колата, ама не сфаќам зошто е лошо да си ги пазиме работите што се во наша сопственост, особено тие скапо платените. Можеш и во валкан дом да живееш, ќе те служи сигурно, па пак чистиш по дома.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4162 на: 16 Јули 2025, 14:09:07 pm »
На кими коњот му е за работа, не за изложба.  :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4163 на: 16 Јули 2025, 14:16:18 pm »
На кими коњот му е за работа, не за изложба.  :D

А класата од 2008ма од жена ми што единствена намена ѝ е да се развозува низ град, од мене го добива истиот третман како М2ката и за сервисирање и за перење. Нема врска со колата тоа. :)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4164 на: 16 Јули 2025, 14:29:47 pm »
^

Поштен муабет. И Југо да е, третманот мора да биде ист.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4165 на: 16 Јули 2025, 14:39:51 pm »
Кога веќе ја носиш на перење, користење сунѓер или микрофибер ракавица е no-brainer. Продаваат и такви микрофибери на стап што се да не мора да фаќаш хемиите ако е до тоа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4166 на: 17 Јули 2025, 07:16:29 am »
На кими коњот му е за работа, не за изложба.  :D

А класата од 2008ма од жена ми што единствена намена ѝ е да се развозува низ град, од мене го добива истиот третман како М2ката и за сервисирање и за перење. Нема врска со колата тоа. :)

Toчно, до чоекот е.
И на тусонот? нема многу да му се потресува сега, ама негова работа.  :D

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 604
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4167 на: 30 Јули 2025, 18:19:55 pm »
Да не вртам наназад, која перална кај Беверли беше фалена тука?

Отсутен chrismkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4168 на: 30 Јули 2025, 18:41:05 pm »
Јас на иста перална неколку пати перев и таа осмоза пак остава флеки, мислам дека е само маркетинг некоја финта.

Можам да го потврдам истото. Се утепав од бришење и џабе. А имам XXL микрофибер крпи. Џабе брат капка да остане прави флека - Окта до Ист Гејт.
Порано беше супер и восокот. Сега све е џабе, разредено. Треба двапати да ја поминеш да исчисти колку толку.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #4169 на: 09 Август 2025, 13:46:14 pm »
Јас да ја изрекламирам новата самоуслужна после Реплек фабриката, зошто вреди стварно.

Некој ултра скап филтер за осмоза, убава хемија, 50 денари = 120 секунди активност (било што и да избереш, што значи по стари цени на OKTA Wash), и една битна работа за мене - наскоро ќе има машина за чистење платнени патосници.

Колава ја исправ за 150 денари, крпа само за стакла искористив, точка нема од каменец.





И финално, еве локација:

https://maps.app.goo.gl/dh2bZmYCud9DF8hBA?g_st=ac