новата самоуслужна кај Макпетрол Илинденска сега за сега не е лоша
функционира со брцкање пари и течење време
има пауза за да се смени режим на перење (вода, пена, восок)
50ден. 150 секунди
пената е прилично густа и убаво мириса
притисокот е јак, успеав самоубиците од преден браник да ги исчистам

има и прахосмукалки, 10ден 60сек, ама слаби се
претопло беше и додека усисавав се исуши колата и ми останаа бели флеки
веројатно е најдобро навечер да се брка работа и да се пребрише после бањање
работи 24/7
П.С. посебен пиштол има за секој програм, така да не треба да се чека 10сек за да се „исчисти“ претјодната програма