Јас два пати веќе ја перам кај
@Bu$aV MeGaNe и
@Dando , еднаш програмот од 500 како за сефте и да тргне бизнисот вториот пат 300. Сметам дека е прифатлив квалитетот на перење со оглед дека е автоматска перална и односот на време на перење и краен резултат, поготово за зимно време со перење од долу.
Имам неколку ситни забелешки/предлози за подобрување:
1. Прво и најпроблематично по мене рампата за излегување е превисока за луѓе со ниски/спуштени коли, првиот пат ми потфати, вториот пат пазев но сметам дека не е на одмет ако ја продолжите малце рампата.
2. Во програмот од 500 дечките ги четкаа бандажите со сунѓер кој на прљаво возило може да го напраи лакот партал. Чисто како суѓестија земете некоја четка за бандажи или микрофибер сунѓер.
3. Фаровите и позади кај таблицата беше уште прљаво ама со оглед на тоа каква ја донесов и незнам колку е веродостојна забелешкава
4. И последно остана по некоја капка на колата после автоматското сушење и не би било лошо доколку се воведе последно рачно пребришување по излегување од пералната со оглед дека перењето е 500/300 денари.
Уште еднаш честито и дај боже да имате успех!
Се надевам дека забелешките ќе ги прифатите со предизвик за подобрување!
