Како што стапот има два краја, тука ќе имаме две поделени мислења.
1. Пералната е скапа. Со оглед на тоа што најефтино перење е 300 денари, толку е и кило и пол месо/риба. Па сега дали ќе го наполнам стомакот на целата фамилија или ќе ја измијам колата, си останува лична одлука. Друго навикнати сме на перења од 150/200, и тоа ни е психолошки максимум, па сега психата не тера дека е скапо.
2. Пералната не е скапа. Со оглед на тоа што перења низ Европа се од 10/15 евра, дури и ефтина е. Ефтина е бидејќи користи добра "хемија" и добра "опрема". Е сега тоа што нашата плата е мизерна, тоа е.
Некој ќе ја користи, некој ќе ја одбегнува, и тоа е тоа. Живот иде даље.
Уживајте во денов, одморете ја главата и не се карајте.
Убав ден.