Денес бев да направам сефте во пералната на
@Bu$aV MeGaNe и
@Dando Колата беше многу валкана, возена по дожд низ Скопје и отворен пат, задното стакло беше речиси непровидно од нечистотија.
Одбрав перење за 500 денари.
Процесот на перење е следниот:
1. Пред да влезе возилото во машинската перална детално беше измиено со прскалки со вода под висок притисок (WAP)
2. Потоа беше нанесена активна пена на цело возило. Пената беше густа и стоеше на возилото неколку минути.
3. Додека пената беше нанесена и стоеше, момците ги испрскаа фелните со средство за фелни.
4. Фелните беа рачно исчеткани за да се оттргне нечистотијата (претходно не беа миени на овој начин можеби 7/8 месеци)
5. Возилото беше целосно исплакнато со прскалки целосно
6. Сите прозори ги пребришаа со специјална ракавица и некакво средство што наизглед даваше впечаток како да е мрсно нешто, но очигледно не беше
7. Возилото влезе во машинската перална.
8. Прво беше натопено повторно целосно и нанесена повторно активна пена (мислам дека и од долу беше испрскано возилото, осеќав дека нешто прска и на подот од надвор)
9. Наредниот чекор беа две вертикални четки и една хоризонтална на кровот кои го поминуваат цело возило
10. Потоа повторно имаше прскање со некое средство до сите страни низ цело возило
11. Повторно две странично вертикални четки и една хоризонтална го поминаа цело возило
12. Плакнење со ектремно јак млаз на вода која што прска насекаде и под возилото. Ова најмногу ми остави впечаток затоа што толку силен млаз во автоматска перална до сега немам сретнато.
13. Возилото е цело издувано со дувалка од напред до позади
14. Портокалова мека четка го пребришува цело возило од напред до позади
15. КОГА ЧЕТКАТА ГО ПРЕБРИША ЦЕЛО ВОЗИЛО СЕ ВРАТИ ПОВТОРНО НАЗАД ДА ГО ИЗБРИШЕ ГЕПЕКОТ И ТАБЛИЦАТА што е особено битно кај седан возила
16. На излез од пералната тројца дечки со микрофибер крпи го пребришаа возилото од надвор вклучувајќи стакла и ретровизори
На местото каде што се правосмукалките искористив 15 денари (10 плус 5 денари) за да го исчистам цел ентериер од прашина.
Правосмукалките се одлични!
Колата беше одлично испрана.
Дали вреди перењето и процесот за парите? Одете, пробајте, па дискутирајте. Јас немам забелешка.
Ќе ги пробам програмите 300 и 400 и ќе пишам импресии.
Еве и некоја слика од процесот на перење и целиот резултат.






@DarthJe5us Сендвичот беше со пилешка шунка.
Во Макпетрол го купив за 90 денари.