На крај, пак се навраќаме на поентата на
@zlatkoa : „Да, јас сакам колата да ми е стакло. Не, не сакам ни прашинка да има внатре. Да, сакам стакла избришани сакам нанесен брз восок, ама ја немам (не сакам) 500-1000 да платам, сакам 250 максимум“.
Треба да си сфатиме дека таа перална
не e за луѓе како нас кои имаат броени пари за месецот и непоимливо им е, при тие приходи и при таа скупоча на живот да дадат 1000 денари за перење на нивниот седан. За нас има десетици и десетици други перални кои перат кола за 200 денари, и имаат квалитет на перење соодветен на цената (Бушав и Дандо беа исклучок).
Таа перална е за луѓе што:
1. Можат да извојат пари.
2. Се грижат за своите коли.
3. Немаат време нити желба да купат целосна опрема за перална (перач под притисок, колекција на средства и крпи и јак усисивач) и ваквиот третман да го прават во домашни услови.
Уште еднаш - никој не не тера да одиме во Премиум Моторс и да переме кола. Ама ако сакаме премиум перење на кола, тоа е единствениот избор и за тој избор се плаќа 500 за мала кола, 1000 за седан.