Ајде и тука со време да известам дека автопералната Дандо&Бушав престанува со работа на 31.07 Вторник.
Си поминаа 4ри години,понудивме што можевме да понудиме,се потрудиве најмногу што знаевме и умеевме.
Верувам дека не бевме совршени,имаше падни стани,имаше проблеми,имаше задоволни и незадоволни како и во секоја работа.
Дефинитивно беше и си остана најголем проблем обезбедување на нормален и квалитетен кадар за работава,тоа е и најголема причина за тоа што решивме да се тргнеме од рачново перење автомобили.
Голема благодарност до тие што ни ја дадоа довербата и веруваа во тоа што го работевме.
Исто така голем поздрав и благодарност до хејтерите што со душа чекаа да погрешиме нешто за да има за што да се праи муабет.
Нејсе и едните и другите ни даваат сила да одиме понатака и да се трудиме што повеќе да успееме во нашите идни планови.
Да се разбереме Дандо и Бушав не се тргаат од работава,напротив ќе паузираат еден месец и здравје боже од Септември се враќаат како дел од раководниот тим на новоотворената,најдобра,најсовремена автоматска перална во нашава држава на чело со @Ma-Fra Macedonia.
Така да дечки бидете ми поздравени и се гледаме таму.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk