Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 994219 пати)

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2610 на: 09 Јули 2018, 12:48:21 pm »
Бев уште еднаш до Гала, решен убаво да ги пробам сите опции. 200 денари и 8 жетони подоцна, од кои два потрошени на усисивач, го имаш ова:





Ако после три жетони шампон+вода ова е оправдливо, ве молам просветлете ме. Пералнава е за греота, средствата се за греота, вработените се за греота. Усисивачот исто е за греота, мене дај ми пеес денара и цевче од ќесичка вива и боље ќе ти ја усисам колата.

Шампонот е стварно премногу редок, пената е толку водлеста што не се ни лепи за колата, одма си истекува. Пак отидов со релативно чиста кола и пак скоро ништо не се испра. Башка што средствата од претходната фаза остануваат барем уште 15 секунди во вапот откако ќе пуштиш друга фаза. Мислам, бедно е, јас пробувам да ја заплакнам колата а пустото уште шампон ми шприца. Јас викам дај восок да ѝ прснам, кутрото плакне. Сакам со тоа осмозата да ја поминам за крај, лајното уште восок џитка. Не се ни заебавам, сите овие ствари ми се десија.

Исто така, не можеш да отидеш со 50 денара и да си ја заплакнеш. Автоматот за жетони прима само крупни пари и не враќа кусур - значи минимум што можеш да ставиш е стотка. Морав да го прашам бацето што работи таму за ова пошо не ми се веруваше. Ако сакаш само два жетона, евентуално со него да се натегаш да извади некој од зад уво.

И уште една ствар што ја закопува пералнава - клиентелата. Ау, какви бациња и ташаци има. Све од монголоиди што ти шприцаат надвор од нивниот бут и у тебе дур пробуваш да извадиш жетони, до крмаци у петка бемба '95 годиште дизељ што пробуваат да дрифтаат на паркинг дур чекаат место за усисивач. Бонус поени ако ти се погоди дечкото со 159ка караван што паркираше попреку кај усисивачите и фати 3 места.

Дечки, и мене ми е интересно да си играм со вода, ама не по секоја цена. Може да се каже дека веќе нема да стапнам во Гала перална.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2611 на: 09 Јули 2018, 12:58:39 pm »
Јас планирав деновиве да ја испробам, дождот вчера/завчера само ја зашлака, капки на прашината да се познаваат... ама после ова твое искуство, ме одврате од планот таму да си поиграм. Категорично не :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2612 на: 09 Јули 2018, 12:59:44 pm »
Благодарам за пренесеното искуство.

(Знаеш дека не треба да ги имаш сите налепници за регистрација на кола, така?  :))

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2613 на: 09 Јули 2018, 13:03:25 pm »
Околу налепниците, не се сеќавам на кој му реков (4 имаше) да си ги одлепи, само една да си остави, ми одговоре:
- Е да бе, казна да ми пишат, не смеат да се одлепуваат!

Замисли после 15 лепенки ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2614 на: 09 Јули 2018, 13:14:47 pm »
Штета добра идеа, ама очигледно лоша реализација.
Плус алал да ти е 200 ден што си потрошил, а за 250 ќе си бил цакум пакум кај Бушав на пример, со восок со се :))
Ова може да е ок само ако е 50 ден 10 минути. Се над тоа е џабе потрошени пари, време и нерви.

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2615 на: 09 Јули 2018, 13:21:18 pm »
Баш тоа најмногу боли, дека за тие пари ќе отидев кај Бушав.

И да, се извинувам за лепенките и вињетката. Кажете некоја финта да ги тргнам, не можам да пуштам продужен за фен пошо живеам на 11ти.   :-X

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2616 на: 09 Јули 2018, 13:32:22 pm »
Јас ги одлепувам и со wd40 на крпче го бришам остатокот од лепилото
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9182
  • Пичлеме
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2617 на: 09 Јули 2018, 13:44:02 pm »
Можи и со нитро, можи и со влажни марамици. Не е страшно, се средува :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2618 на: 09 Јули 2018, 13:49:11 pm »
Во врска со налепниците, лепете ги само со селотејп. Исечете 4-5 парчиња селотејп од по 1 цм, половина цм на лепенката, останатата половина на шофершајбна да фаќа. Вадењето потоа на лепенката е 5 секунди работа.
Thank me later. :)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2619 на: 09 Јули 2018, 13:49:26 pm »
Баш тоа најмногу боли, дека за тие пари ќе отидев кај Бушав.

И да, се извинувам за лепенките и вињетката. Кажете некоја финта да ги тргнам, не можам да пуштам продужен за фен пошо живеам на 11ти.   :-X
Добро де еднаш си згрешил, среќа 200 ден е и тоа е тоа :) плус треба од форумов пари да собереме, да ти дадеме за ревјуто :))
а за лепенките со влажни ваљда, ама тие постарите малку потешко ќе излегуваат

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7665
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2620 на: 09 Јули 2018, 14:00:42 pm »
За налепниците ти треба само еден нов жилет за бричење, ништо друго. Ќе го "легниш" жилетот скоро рамно со шофершајбата и само тераш, нема ни гребење ништо.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2621 на: 09 Јули 2018, 14:13:18 pm »
Месецов дека ја регистрирав, значи ептен е тазе ситуацијата со лепенките.
Некој спомна на форумов пред лепење на стакло да ја залепиш на алишта, така лани направив и ја ставив на стакло, за годинава кога ја вадев искочи цела, со ситни остатоци од тоа боите. Нив ги исчистив со влажни марамици, без никаква мака. Новата сега што ја ставив, истата постапка ја јадеше, прво на маица лепење 2-3 пати па на стакло.
Иначе да, се сложувам дека и со жилет се вадат екстра лесно, без разлика дали е од пред година, две или три, испробано кај стариот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2622 на: 09 Јули 2018, 14:22:06 pm »
...

И јас вака ги вадам. Во Бугарија (и во сите држави кадешто има вињети) се продаваат ножиња за оваа намена (1-2 евра). После тоа, или влажни марамици или малце средство за чистење прозори и стругање за да излезе остатокот од самиот лепак.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2623 на: 09 Јули 2018, 16:54:58 pm »
Nozinjata gi imate vo bricolage

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8250
  • Плинаш!!!
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2624 на: 09 Јули 2018, 20:07:58 pm »
Месецов дека ја регистрирав, значи ептен е тазе ситуацијата со лепенките.
Некој спомна на форумов пред лепење на стакло да ја залепиш на алишта, така лани направив и ја ставив на стакло, за годинава кога ја вадев искочи цела, со ситни остатоци од тоа боите. Нив ги исчистив со влажни марамици, без никаква мака. Новата сега што ја ставив, истата постапка ја јадеше, прво на маица лепење 2-3 пати па на стакло.
Иначе да, се сложувам дека и со жилет се вадат екстра лесно, без разлика дали е од пред година, две или три, испробано кај стариот.
Ете, си ме послушал од лани Кажи топ работа, само годинава ишлакај ја од маица што пушта повеќе влакненца.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk