Бев уште еднаш до Гала, решен убаво да ги пробам сите опции. 200 денари и 8 жетони подоцна, од кои два потрошени на усисивач, го имаш ова:

Ако после три жетони шампон+вода ова е оправдливо, ве молам просветлете ме. Пералнава е за греота, средствата се за греота, вработените се за греота. Усисивачот исто е за греота, мене дај ми пеес денара и цевче од ќесичка вива и боље ќе ти ја усисам колата.
Шампонот е стварно премногу редок, пената е толку водлеста што не се ни лепи за колата, одма си истекува. Пак отидов со релативно чиста кола и пак скоро ништо не се испра. Башка што средствата од претходната фаза остануваат барем уште 15 секунди во вапот откако ќе пуштиш друга фаза. Мислам, бедно е, јас пробувам да ја заплакнам колата а пустото уште шампон ми шприца. Јас викам дај восок да ѝ прснам, кутрото плакне. Сакам со тоа осмозата да ја поминам за крај, лајното уште восок џитка. Не се ни заебавам, сите овие ствари ми се десија.
Исто така, не можеш да отидеш со 50 денара и да си ја заплакнеш. Автоматот за жетони прима само крупни пари и не враќа кусур - значи минимум што можеш да ставиш е стотка. Морав да го прашам бацето што работи таму за ова пошо не ми се веруваше. Ако сакаш само два жетона, евентуално со него да се натегаш да извади некој од зад уво.
И уште една ствар што ја закопува пералнава - клиентелата. Ау, какви бациња и ташаци има. Све од монголоиди што ти шприцаат надвор од нивниот бут и у тебе дур пробуваш да извадиш жетони, до крмаци у петка бемба '95 годиште дизељ што пробуваат да дрифтаат на паркинг дур чекаат место за усисивач. Бонус поени ако ти се погоди дечкото со 159ка караван што паркираше попреку кај усисивачите и фати 3 места.
Дечки, и мене ми е интересно да си играм со вода, ама не по секоја цена. Може да се каже дека веќе нема да стапнам во Гала перална.