Според мене гала пералнава во Скопје у замисла е топ, во изведба е топ, у времетраење е кратка. За 3 минути реално се поминува цела кола (2 џипчиња ги пројдов, седанче и кабриолетче) али дтискаш гз да стигнеш и не ја поминуваш "мерачки" колата. Меѓутоа РЕАЛНО треба коа ке се пројде прв пат со пената да се забрише со микрофиберче и после да се испере дали со восок или тоа водата.. Секој пат сум пребришал ептен брзински со сува микрофибер на крај, така да не знам како би изгледало ако ја оставам водата да се исуши така. Факт е дека пената не симиња закоравена прљавштина.
Прееска имав ситна дешавка, тајмерот ми изгаси после 10-15 секунди и отидов да се пожалам, дечкото сврте кругче у собчето тамо, пипна 2 резервоари и рече "не знам зашо така, ќе пријавам" му викам може да пуштиш да доперам теписоните и ми вика не. Му викам ок, може да купам едно жетонче? Ми вика не. Давам 50 денари и од кутија цигари (не од машинчето) ми вади две жетончиња.. Ич не ми се допадна таквата реакција и однос.. као.. ме гледа со сува кола (само браникот го пројдов) и 1 патосница мокра и 3 суви.. Ќе лажам за 25 денари ли?