Незнам дали некој ја постирал, но има нова перална, подобро миење на возило не сум видел до сега.
Се наоѓа точно кај последна 57ца (во близина на реплек), ако отидете таму, одма ке ја здогледате, незнам како се вика пералната, али Мили се вика тој што ја работи... Комплетно миење и надвор и внатре до детаљ, на други места секогаш на бандажите ми оставале црно, и не била помината секаде, вода оставале... И во Оли Сан ова се случуваше, и секаде, да не набројувам, овде нема муабет за такво нешто... Внатре и пластиките со средство ги поминуваат, на крај ставаат и восок на гумите, ја прават ко од салон... Исто има за седење под сенка, ако сакате носат и кафе, вода, значи исто и за услуга се 10ка... се за 150 денари.