Научна фантастика беше и таа у Вошфабрик ( и сеуште е за сите останати у државата) кога ја донесоа, па ете, уште работи со истите цени.
Хибридниот модел ги трга работниците на предперење, што секако е уштедување плус.
Во Германија, на овие перални, перењето е од 5 до 12 Евра, што ако го удриме есапот на цената на водата и струјата таму, плус веројатно поскапа локација, реално би било вакво перење да не е повеќе од 5 евра кај нас.
Доволно е ваква перална да ги собере СИТЕ (5%) од возилата кои имаат пари да дадат таков износ за квалитетно и брзо перење.
Кој има гз да инвестира во ова, можеби и ке добие. Треба пари и добра локација.
Се повеќе се бараат брзи перални, кои нема да остават трага на колата.
Можам да замислам каква перална би имало на пример на Илинденска ( кај Хонда ) кога еден убав ден Макпетрол ќе добие реален газда.
До тогаш ќе дремеме ко мисирки околу рачните автоперални, кои одвај преживуваат чекајки да дојде редот на нашиот миленик, за да некој нередовно бањат мијач ја усмрди внатрешноста.
Хинт за темата. Паркирајте домашен јонизатор ( ако го имате или позајмете ) една вечер во колата. Сабајлето колата ќе мириса на НОВА од фабрика.