Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Отворено. Дел од муабетите префрлени во Измерена потрошувачка на гориво.Carry on.ЕДИТ: Дополнително прочепкување низ подфорумот за наши возила: Кими Р, Димитар Ц, Викацот, Бојан Ј, Томе-Колт, Ниномк, ЗероКул, 2Фаст4Ју, ФилипВ (не можам да гарантирам, али делува новичко Кашкаито), Голф6 (тој е никнејмот), НДарК, Серџо, Лансерка, Иво 30..Should I go on?
Не е крута. Многу е добро внатре. Јас дури реков дека не би ја спуштил. Се однесува на пат супер, си го подместува газот по потреба во кривини. Убаво.Сид веќе не ни памтам колку бил крут.Менувачот е добар, среден. Не е лесен како во хондата на пример. Сличен со Голфот само не влегува баш секогаш така мазно. Ако го брзаш знае да не влезе.Изолација ќе ја поделам на два дела.Аеродинамика има добра и не се слушаат звуци од ретровизори и слични агли. Скоро и да нема звук од ветер. На 130 се слуша на задните седишта малку ветер. Напред не.Изолацијата е пристојна напред. Но има шум од тркалата. Поготово назад. Назад треба да се коригира изолацијата во багажникот односно околу задните тркала. Среќа тоа не е голема работа.
Ваљда ама тешко, со оглед на тоа дека за класниот, матеј и јаре има една конкретна заедничка карактеристика, така да они не се важат На бушав сепак не е нова од салон. А Мазда нема 3 години стара.
Маздата внатре изгледа вака, за да нема забуни со внатрешноста.Мене многу ми се допаѓа внатре, НО! Како што се гледа на централниот дисплеј тоа се појавува на секое палење. Тоа е статична слика со мени. Тоа според мене не е дозволиво да се појавува. Тој екран е поставен на такво место каде треба да има корисни информации постојано. Екранот е со тач и има прекрасни апликации за потрочувачка за рејнџ со графици со проценти со се. Или радио нешто песни, или мп3 песни или што ти јас знам. И на секое влегување ти треба да кликаш за да ти се појави тоа. Тоа не е легално во некои земји. Која логика е да ми се пали секогаш на менито кое е статично. Незнам кој го дизајнирал тоа. Можеби има начин да се смени тоа, ама најискрено тоа е едиствена замерка за колава од мене. Ама е толку голема замерка - да би помислил да не ја купам колата заради тоа. Неописливо е колку нервира. А несакам непотребни нервози при секое влегување во кола.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)МОРА да се направи дисплејот да ја памти последната упалена ствар или да може да се стави дифолт скрин. Вака неможе.