Од овој муабет не ја сфаќам потребата од 1.4 хди затоа што троши скоро колку 2.0 хди, а мислам дека 1.6 хди троши слично..а е појак.
Пробав 1.6 HDI, и мене лично ми возеше полошо (мада ми е нешто чудно во поглед на типот на 1.6 HDI што се нуди во Citroen C3 кај нас. Бидејќи тој 1.6 HDI секаде низе Европа го има исклучиво во Немо, а го нема во C3).
Јас прво тргнав со замисла да купам 1.6 HDI C3, ама после пробата поубаво ми возеше 1.4 HDI -то (кое што го има во понудите и на други земји низ Европа).
Инаку 1.6 ХДИ кај другар ми во Peugeot 407 троши нешто 1.5 л или 2 л повеќе од кај мене, мерено во исти услови. Се кладам дека 2.0 HDI ако го возам во исти услови како мојот 1.4 ќе троши повеќе.
Иако главната потреба од 1.4 хди или 1.6 или 2.0, не е толку базирана на потрошувачката туку на реалната снага потребна за одреден тип на возило, со одредена тежина. 1.4 HDI во C3 -ва е супер и нема потреба да доплаќаш за мотор што е предимензиониран за каросеријата. Исто 2.0 HDI е апсолутно потребен во Xsara Piccasso. Замисли таму да ставиш 1.4 , нема да се помести воопшто и сигурно 1.4 таму ќе троши и повеќе од 2.0
Дарко