Автор Тема: Пат до Саранда  (Прочитано 22802 пати)

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Пат до Саранда
« на: 12 Јули 2011, 13:18:34 pm »
Дечки сакам да идам на одмор у Саранда. Ме интересира дали некој бил скоро и дали знаете у каво стање се патиштата. Слушнав дека ги средиле ама ми треба информација од прва рака пошто со спуштена кола ако не се како треба не ми се иде. Прашањето е ако идам преку Албанија, а не преку Грција. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #1 на: 12 Јули 2011, 13:38:31 pm »
Ако идеш преку грчка, до Јанина имаш најбољи автопат што постои. После ти следува пат, па после Албанија ама многу малку.

А преку Албанија... До Охрид, па после немам појма како ќе стигнеш.

Само за споредба преку албанија е 505км (7саати 34 минути виаМишелин), преку Битола 511 (6:50), а преку богородица 569 (6:36). Па сега ти мисли дали се исплати за 60км да се такваш низ албанија. Ем се стига многу побрзо преку Грчка. Во албанија најголем проблем се знаци и патишта.

Јас ќе идам до Јанина наскоро, а и пред тоа сум бил. Нема промашај, патот спие. Ем трошиш малку гориво, ем милина за возење.

P.S. Просечна брзина на возење преку Богородица е 87кмч. Преку Битола 74, а преку Албанија е 70. Скопје Јанина просек е 97кмч, така да рачунај колку брзо  се вози. Ако сакаш авантура со спортска кола, може да одиш по стариот пат за Крф па накај Албанија. Тоа го возев лани и патот е перверзија. Стариот - значи дека не е автопат. Ама асфалтот секаде во Грција е 44 пати подобар од било каде во Македонија. Патот е перверзија за возење. Па уште ако стигнеш во 5 сабајле да го возиш како јас... Парче! :D

« Последно менување: 12 Јули 2011, 14:02:40 pm Deni »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #2 на: 12 Јули 2011, 13:41:02 pm »
Дечки сакам да идам на одмор у Саранда. Ме интересира дали некој бил скоро и дали знаете у каво стање се патиштата. Слушнав дека ги средиле ама ми треба информација од прва рака пошто со спуштена кола ако не се како треба не ми се иде. Прашањето е ако идам преку Албанија, а не преку Грција. 


Јас бев 3 пати со 106- ката, па процени сам  ;)

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #3 на: 12 Јули 2011, 13:47:51 pm »
Најискрено јас би ти препорачал да одиш низ Грчко,јас последниве две лета одам у Албанија,Саранда (1-та год) и Ксамил (2-та год.)Патот низ Албанија е ОК,сега е среден,ама не се исплати да ја мачиш колата низ планините нивни,стварно се у ПМ.Јас немав проблем,ама другар со Ибица 1.4 мораше да ја гаси климата за да искачи(со двајца у кола,он и девојката).Ако сакаш во Албанија тогаш според мене и другите до сега што биле викаат дека преку Гр. е 100% подобро.Првата година уште имаше визи,затоа отиде другарот преку Албанија,а сега мислам дека е чиста егзибиција да одиш низ Албанија. ;)
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #4 на: 12 Јули 2011, 15:50:02 pm »
Добар си е патот, не се секирај за колата. Има проблем на места со означување и знаци ама во принцип лесно е за снаоѓање. Со ѕверчето твое не би требало да имаш проблеми по планините.
Лош е патот, околу 25-30км после Фиер накај Валона. Од таму идеш накај Саранда покрај обала.А ма мислам дека тој нема да го фаќаш пошто лани пуштија автопат од Фиер накај Саранда.
Типс: има мнооооогу џандари, не застануваат странци, али мерат со радари па немој да си го бараш со боринче. Пази на автопат пациенти возат мотори во спротивна насока. Испринтај си го патот од Виа мишелин или Ауторут и немаш проблем. Зелен картон ти бараат уште на граница.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #5 на: 12 Јули 2011, 16:00:16 pm »
Добар си е патот, не се секирај за колата. Има проблем на места со означување и знаци ама во принцип лесно е за снаоѓање. Со ѕверчето твое не би требало да имаш проблеми по планините.
Лош е патот, околу 25-30км после Фиер накај Валона. Од таму идеш накај Саранда покрај обала.А ма мислам дека тој нема да го фаќаш пошто лани пуштија автопат од Фиер накај Саранда.
Типс: има мнооооогу џандари, не застануваат странци, али мерат со радари па немој да си го бараш со боринче. Пази на автопат пациенти возат мотори во спротивна насока. Испринтај си го патот од Виа мишелин или Ауторут и немаш проблем. Зелен картон ти бараат уште на граница.

Друже, а мапа на Албанија за ГПС постои или?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #6 на: 12 Јули 2011, 17:03:48 pm »
Ја има на ОВИ за Нокиа ...

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #7 на: 12 Јули 2011, 22:56:55 pm »
Преку Елбасан-Џирокастро -Саранда треба да е добар.
Поавантуристички е преку Валона или преку Корча,убавина од природа.
« Последно менување: 12 Јули 2011, 22:58:35 pm marsher »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #8 на: 13 Јули 2011, 10:09:03 am »
Друже, а мапа на Албанија за ГПС постои или?

Сигурно постои, само незнам колку е детална. Јас лани бев, си испринтав од Виа Мишелин, нема утка.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #9 на: 13 Јули 2011, 11:07:29 am »
Друже, а мапа на Албанија за ГПС постои или?

Сигурно постои, само незнам колку е детална. Јас лани бев, си испринтав од Виа Мишелин, нема утка.
Новите мапи што се за Гармин имаат детално за албанија. Баш вчера ги апдејтував и ми кажаа дека се работело доста на албанија и бугарија за овај апдејт.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #10 на: 13 Јули 2011, 13:21:17 pm »
Друже, а мапа на Албанија за ГПС постои или?

Сигурно постои, само незнам колку е детална. Јас лани бев, си испринтав од Виа Мишелин, нема утка.
Новите мапи што се за Гармин имаат детално за албанија. Баш вчера ги апдејтував и ми кажаа дека се работело доста на албанија и бугарија за овај апдејт.

Јас имам мапа на гарминот од пред 5-6 месеци,и му го дадов на другарче вика тапа брат ме изнашета по околни патчиња,ама стигнав некако !

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #11 на: 13 Јули 2011, 15:56:30 pm »
Друже, а мапа на Албанија за ГПС постои или?

Сигурно постои, само незнам колку е детална. Јас лани бев, си испринтав од Виа Мишелин, нема утка.
Новите мапи што се за Гармин имаат детално за албанија. Баш вчера ги апдејтував и ми кажаа дека се работело доста на албанија и бугарија за овај апдејт.

Јас имам мапа на гарминот од пред 5-6 месеци,и му го дадов на другарче вика тапа брат ме изнашета по околни патчиња,ама стигнав некако !
Имаш да избериш 3 начини на прикажување на патот. Најкраток во КМ, најкраток во време и нај економичен. Така да во зависност што има одбрано така ќе му кажува. Татко ми кога го зедовме гарминот, вика ова не чини, јас знам поубај патишта за низ грција. И кога му наместив да кажува пократко време , дури тогаш ги покажа автопатите како што треба. Така да види таму во сетинзите, прочепкај.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #12 на: 01 Август 2011, 09:31:39 am »
Темава малку фати прашина, дали некој од били и се вратил од Саранда оваа година т.е ова лето?
Ми треба информации од прва рака, по кој пат и како се цените за сместување и сл?
>>>>><<<<<

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #13 на: 01 Август 2011, 15:47:57 pm »
другар беше преку Битола, низ Грција. Сеа се врати, до преминот во Грција вика дека е ТОП, кога се влегува во Албанија, вика возиш, возиш и одеднаш макадан :D :D јбг им снемало асфалт. И пак возиш возиш и оп пак макадан. Он беше во едно место поддолу од Саранда, не ми текнува како се викаше, за сместување плаќаа 30 евра за 2 собен апартман, со клима, кујна кабловска...
Најсмрт, после неколкукратните искуства со возење по макадан, било искачувањето низ тоа планината, тесен пат, стрмна угорница...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Пат до Саранда
« Одговори #14 на: 01 Август 2011, 15:54:43 pm »
за јадење и пиење бла бла слично како кај нас. Гирото им било одлично (единствено нешто како што треба спремено), месо не очекувај во изобилство како во Екс Ју, рестораните :) :D подобро е да си го прашаш газдата кај што ќе бидеш сместен. Повеќето ресторани се со готвачи приучени нештo, па подобра варијанта било сам да си спремиш.
Местото кадешто беа сместени мислам дека се викаше Ксамил.