Во Саранда бев пред 6 години.Бевме две коли, две фамилии.
Првата јака случка беше кога на Ќафасан стигнавме сабајле, као да избегнеме гужва, а оно колона 2км.Ми вика пријателов со другата кола, вози по мене и шибаме се до царината, тофаш и југо 45, поминуваме све живо ќе не изедат другиве.Не гледа тоа полицаецот и таман да не искара по пропис, овој мојов пријател вади дипломатски пасош.На Цајово ништо не му беше јасно.Поминавме за три минути.
Тргнавме со намера да одиме во Валона, ако не Саранда.Стигнавме во Валона, градот воопшто не ни се бендиса,меѓутоа тоа после градот, имаше убави места , но немаше празно место.
ОК.Цепаме за Саранда и пред да почнат едни нагорнини, налетавме на едно ресторанче кое ни го кажуваа тие што биле пред нас и си нарачавме јагнешко со сите салатички и прилози и за 6 души плативме 27 евра.
Накркани по пропис цепаме за Саранда и почнаа едни угорници на кои сите мерцедеси(а во Албанија има само Мерцедеси) стоеа покрај пат и дотураа вода во ладилниците, им беа прокувале машините, а тофашот и југото гајле немаат.Стигнавме до врвот, некој си национален парк со убава шумичка, ама немавме време да останеме, требаше да најдеме престој во Саранда.
Таман мислевме дека сме ги поминале проблемите, кога почнавме да се спуштаме по едни серпентини од кои директно на долу само морето го гледаш.Возиш во просек 20км на час и се молиш волан и кочница да не ти откажат.Патот убав, не многу широк се гледа тазе асфалтиран.
Се спуштивме до морето кога патот тесен едвај две коли да се разминат.На некои места мораш или ти да попуштиш или тој.
Стигнавме во Саранда, најдовме убав смештај.На плажа одевме на 7 км према Грција, убави плажи.Градот тогаш беше чист, не знам за сега,Се градеше ама не како што рекоа претходно.Секој ден јадевме свежа риба што ја купував на сабаље директно од рибарите што ловеле вечерта.Се изнајадов и убави школки и октоподче.Гирото за децава беше наши 50ден, па првпат на синот му давав да си купи два, за разлика од Грчка, каде и за еден срце те боли.Се на се две фамили за десет дена заедно потрошивме 150 евра за јадење, без штедење.
Имаше еден убав замок со убави ресторани, каде јагнешкото е главен специјалитет.
Враќањето беше уште повозбудливо, се враќавме преку Корча, и одевме по патишта, каде само албанските орли летаат, природа убавина.Таман мислиш дека веќе нема качување, нови височини.Пред да завртиме за Корча се простивме со уште едно убаво јагнешко во Тепелене покрај едни убави извори за вода, од каде се полни флаширана вода за цела Албанија.
Тофашот и Југото на висина на задачата, без никакви дефекти, прегревања...
Се на се, не ми е криво што возевме по такви патишта, вистинско доживување беше, не би го пропуштил, ако се случи да одам пак..