Морам нешто да споделам со членовиве на форумов.
Во неделата вечерта тргнав за саранда преку грција,слушав муабети,оделе луѓе,не било лошо,бла бла.
Морам да потенцирам дека текстов е моето мислење што немора да значи дека сум во право!
Патот преку грција е многу добар,не дека сум возел многу патишта низ европа,ама мислам дека вака би требало да изгледа добар пат.Многу е добро направен,многу е прав,многу тунели одлично направени,дури можам да кажам дека е досаден од што е прав.
Се си беше добро додека не стигнав во таа пуста албанија,пред да тргнам ми потенцираа дека не е баш нај сјајно,ама такво нешто не очекував.
Можам слободно да кажам дека наш Охрид е монте карло за саранда.
Прво поминав низ тоа ксамил,некое село кое многу го фалеа пред да дојдам ама...
Абе може да го споредам со тоа што сум гледал на тв,со афганистан,ирак и такви слични.
Ај видов што видов у ксамил ај викаат боље било у саранда,убаво гратче.Ајде возам накај саранда,патот асфалт,на некој места неасфалтиран,едно 200/300 дупки ама ај можеш да ги избегнеш,ти пазиш а албанциве пичат,ич кур не им чуе ке те прегазат,не ебаваа жива сила.
Ај бидна и тоа стигам у саранда што да видам ѓубре по улица колку сакаш,смрди колку сакаш, абе Скопје у чистота за него е Љубљана. На сегде градено не доградено прашина колку сакаш, колата лом ја направив ни карбон се гледа ни плаво се гледа, абе збеснав. И викам да најдам смештај да одморам и најдов едно хотелче фино убав поглед-море и пред морето депонија.Главна улица, фрчат албански шерифи, ечи нивната милозвучна музика, абе џоа во Бангладеш. Се сместив во хотелот и у хотелот све клима, интернет, тв се тоа за 30е.за двајца, све тоа убаво ама неможеш да го користиш снема струја, ај си викам ке дојде додека да прошетам низ градот. Прошетав низ бангладеш јадев едно гиро не беше лошо не е скапо и околу 10ч.се враќам накај хотел. Идам накај хотел и црна темница газдата и вика ќе дојде струја за five min.арно ама помина еден саат. Дојде струја си легнавме и од двај чекав да се раздени и да бегам од таа пустелија и никад да не се вратам, од што се изнервирав не видов ни плажа ни море што толку го фалеа. Сабајлето доручек во хотелот и назад во Грција. Уште еднаш ќе потенцирам дека ова е моја слика за Албанија, мислам дека се залудно извозени 600км иако е прекрасен патот преку Грција а можеби и не успеав убаво да ја запознаам таа проклета Албанија. Епа со среќа нека им е на сите што мислат да одат таму и убаво да си поминат!!!