Планирам да земам дигитален фотоапарат, поточно овој
Samsung NX3000 со 16-50mm леќи, што значи се работи за Mirrorless компактен апарат.
Овој во Македонија тешко дека можи да се најди, а ќе ме кошта ѓаол и пол овде, во сетек, анхоч и техномаркет (партнери на самсунг) го нема(според нивните вебој), уште во Палма Трејд од тетово да се провери ми остана, ама немаат тие веб страна.
Со план сум грција да одам да се наводенам и попатно солун ми е, а таму го најдов само во една на интернет:
Photoqueen за 389€, со вратен данок 316€.
Преку граница можи да се внеси стока а да не се царини со вредност до 350€, меѓутоа дали тоа значи со одбиен европски данок или со него?
И дали знаете некоја друга поголема продавница во солун за електроника како нептун, амц, сетек или специјална за фотоопрема?
